Бачев: Со македонските свети заштитници Кирил и Методиј ќе ги поразиме во обидот за рушење на македонскиот народ и црква


24.05.2020 | 13:58:00 | Избори


Бачев: Со македонските свети заштитници Кирил и Методиј ќе ги поразиме во обидот за рушење на македонскиот народ и црква

Честитка, Коалиција „Никогаш северна - само Македонија“
проф. д-р Јанко Бачев, претседател на Единствена Македонија
Скопје, недела, 24 мај 2020 година

Претседателот на Единствена во име на Коалицијата „Никогаш северна - само Македонија упати честитка по повод одбележувањето  на 24 мај, Денот на Македонските просветители Св. Кирил и Методиј.

-„Дозволете ми во свое лично име и во името на Коалицијата „Никогаш северна - само Македонија“ да ви го честитам 24 Мај, Денот на светите Македонски браќа Кирил и Методиј. Ден посветен на македонските апостоли кои оставија траен белег во историјата на човештвото. Празникот со децении го одбележувавме со голема радост. Но, во последните три години одбележуваме поразлично од изминатите децении, соочени со националното предавство што го изврши марионетската власт во Скопје инсталирана и купена од странски центар за спроведување на геноцидната политика врз Македонија и Македонците. Марионетската власт во Скопје е голем срам за Македонците бидејќи денеска се срами да го изговори зборот „Македонските просветители“.

Марионетската власт се определи за погубната определба да гледа во иднината и големото творештво на светите Македонски браќа Кирил и Методиј да го подари на татарско-монголска Бугарија иако простата вистина вели дека иднина без минато на еден народ е празнина и безличност. Денеска на отворена сцена светот одава признание дека писменоста доаѓа од Македонија, само марионетската власт во Скопје се срами од Македонските апостоли Кирил и Методиj.

На овој голем и светол ден упатувам јасна порака до непријателите на македонското дело дека ќе бидат поразени во обидот за уништување на светата македонска црква, македонската нација, јазик, идентитет, историја и култура.  Да ја надминеме националната и духовната поделба меѓу Македонците преку семакедонско единство како најсилна брана од секаква закана на што не обврзуваат светите Македонци, Кирил и Методиј кои го променија светот.

Нека ни е честит 24 Мај, Денот на светите Македонски браќа Кирил и Методиј!

Центар за комуникации на Коалиција „Никогаш северна - само Македонија“
Скопје, недела, 24 мај 2020 година

Медиуми:

МИА

Скопје 1

Пресс 24

Македонски весник

Макпрес

Охрид 1

Тајм

Вести

Дејли

Грид