ФРОДЕМ: Ако За Мицкоски А. Верушевски е патриот, кај се тогаш и Заев, Црвенковски и Зоран Верушевски


23.05.2020 | 12:34:20 | Избори


ФРОДЕМ: Ако За Мицкоски А. Верушевски е патриот, кај се тогаш и Заев, Црвенковски и Зоран Верушевски

По изјавата на лидерот на ДПМНЕ Мицкоски дека се познава со лицето Александар Верушевски и дека тој е голем патриот, ФРОДЕМ како дел од Коалицијата „Никогаш северна - само Македонија“ смета дека Мицкоски конечно откри која е неговата 'домашна задача' како и неговото вистинско двојно лице, на кое може да му позавиди и богот Јанус.

Очигледно дека според Мицкоски критериум за голем патриот е снимањето и пуштање во јавност нелегално тајно снимени разговори. Ако се суди според овој 'моментален' негов критериум можно е наредниве денови да очекуваме тој да ги прогласи за најголеми херои на денешницата неговите идоли Зоран Заев, Бранко Црвенковски и Зоран Верушевски кои со нелегално и тајно снимени разговори, досега на два пати ја уриваа извршната власт на државата предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

Доколку се има предвид дека со свесното избегнување да се расчисти со криминалните структури во партијата, партиските мешетари и патриоти за полн џеб, на сите можни начини работат да се заштити бегалецот од Будимпешта и неговите братучеди, како и фактот дека во највисокото раководство и на кандидатските листи на сегашново ДПМНЕ се наоѓаат и се повеќе се инфилтрираат многу блиски соработници на триото Заев-Верушевски-Црвенковски (како на пример Гога Јога, Бишевац, Каролина, Стеванџија, Илиовски и други знајни и незнајни довчерашни непријатели на ВМРО-ДПМНЕ) станува сосема јасно дека во финална фаза на реализација е тајната и долго спроведувана акција, ВМРО-ДПМНЕ преку ДПСМНЕ да се трансформира во СДССМ-2.

Првиот оперативец на таа операција е професорот Мицкоски докажан либерал наметнат на лидерската позиција на ВМРО-ДПМНЕ кој свесно одработува за неговите браќа по идеологија социјалдемократи, а на штета на вмровците и татковината.

ФРОДЕМ го охрабрува членството и симпатизерите на ВМРО-ДПМНЕ да го дигнат својот вмровски глас и да не подлегнуваат на оваа, по којзнае кој пат, нечесна и лична игра на првиот оперативец кој со своите постапки и дејства успеа до непрепознатливост да го дезидеологизира ВМРО-ДПМНЕ. Финалето на оваа тајна операција е во најкус можен рок да се зацврсти на власт Зоран Заев и неговите социјалдемократи.

Во овие тешки моменти за опстојување на државата и на сѐ она што е македонско, потребно е храброст и одлучност да им се каже едно гласно „не” и збогум на лидерите со двојни и тројни улоги“, се вели во соопштението на ФРОДЕМ - Фронт за демократска Македонија кое е дел од Коалицијата „Никогаш северна - само Македонија.

МКД