Бачев до Пендаровски: Со две македонски и пет албански партии дефакто го укина плурализмот и ги забрани опозициските партии, тоа не ве спасува


16.05.2020 | 14:59:30 | Избори


Бачев до Пендаровски: Со две македонски и пет албански партии дефакто го укина плурализмот и ги забрани опозициските партии, тоа не ве спасува

Реакција, Единствена Македонија проф. д-р Јанко Бачев, претседател на Единствена Македонија Скопје, сабота, 16 мај 2020

Претседателот на Единствена Македонија во реакцијата на диктаторското однесување на Пендаровски за изборите истакна:

-„Однесувањето на нелигитимниот претседател Стево Пендаровски избран со само 23 отсто од запишаните избирачи од кои голем дел албанци, е диктаторско. Пендаровски недозволиво стана и законодавец и де факто го укина плурализмот. Според важечките закони во Македонија, партиите учесници на изборите се еднакви. Но, Пендаровски го укина плурализмот и еднаквоста на партиите што е видливо од неколку причини:

Прво, недозволиво е Пендаровски на седенки со две македонски и дури пет албански партии да одлучува за изборите за сите 15 учесници кои имаат потврдено листи од ДИК. Второ, Протоколот за изборната кампања и гласање во услови на коронавирус, Пендаровски го достави само на две македонски и пет албански партии.Трето, Извешптајот на ДИК во врска со временската рамка за изборните дејствија, Пендаровски го достави само на две македонски и пет албански партии.

Пендаровски дури наметна апсурдна ситуација во која учесниците на изборите не се еднакви во правата, но, се еднакви во обврските-казните, бидејќи, санкции има за сите учесници на изборите ако не го почитуваат Протоколот. Загрижува и однесувањето на претставниците на НАТО и ЕУ. Устите им се полни со демократија, владеење на правото, партиски плурализам, но, за диктаторксото однесување на Пендаровски, целосен молк и тоа од оправдани причини: Пендаровски е нивната битна марионета во Скопје за нивната геноцидна политика против Македонија и Македонците.

Го охрабрувам Пендаровски да отиде и чекор понатаму - да прогласи крај на плурализмот во Македонија, но, тоа нема да ги спаси од катастрофален пораз на изборите марионетите во Скопје кои 30 години лажат, крадат и ја растураат државата“ - потенцираше Бачев.

Центар за комуникации на Единствена Македонија Скопје, сабота, 16 мај 2020 година

Македонски весник

Скопје 1 Охрид Тајм Грид