Со владиниот Протокол за гласање ќе можат да гласаат околу 400 илјади бирачи, гласањето да трае 3 дена


14.05.2020 | 17:39:49 | Избори


Со владиниот Протокол за гласање ќе можат да гласаат околу 400 илјади бирачи, гласањето да трае 3 дена

Министерот за здравство денеска го промовираше Протоколот за спроведување на изборите. Но, доколку доследно се спроведат предвидените мерки за гласање, на денот на гласањето во периодот од 07:00 до 19:00 часот ќе може да гласаат околу 400 илјади избирачи.

Единствена Македонија во име на Коалицијата „Никогаш северна - само Македонија“ бара владата со уредба со законска сила да изврши измена во Изборниот законик и да овозможи гласањето да трае 3 дена, со што би се постигнала што е можно поголема излезност на денот на изборите.

Единствена Македонија го реафирмира ставот дека гласањето со маски, ракавици, во редици, т,н социјална дистанца, миење раце пред и по гласање, промена на пенкало за секој гласач... јасно е дека во такви услови излезеноста ќе биде мала а и временски во еден ден не може да гласаат сите оние што сакаат да гласат.

Единствена Македонија очекува кога веќе не се прифати нашиот предлог за електронско гласање, да се прифати предлогот гласањето да трање 3 дена како би се овозможило што е можно поголема излезност. Во спротивно, уште сега е јасно дека избори со мала излезност нема да бидат фер, чесни и легитимни.

Центар за комуникации на Единствена Македонија Скопје, чеврток, 14 мај 2020 година

Медиуми:

МИА

Скопје 1

Македонски весник

Макпрес

Охрид 1 Вести

Дејли

Грид

Тајм