Единствена Македонија до актерите на утрешната средба кај Пендаровски: Прифатете електронско гласање и ајде сите на избори


11.05.2020 | 19:23:49 | Избори


Единствена Македонија до актерите на утрешната средба кај Пендаровски: Прифатете електронско гласање и ајде сите на избори

Единствена Македонија во пресрет на утрешната т.н. лидерска средба кај Стево Пендаровски го реафирмира барањето за електронско гласање што го промовираше претседателот на партијата Јанко Бачев во изјава за јавноста од 5 мај 2020 година. Се разбира, можно е и комбинирано гласање.

Избори во неприродни услови за време на пандемија со коронавирсуот, со маски, ракавици, големи редици и т.н социјална дистанца ќе доведе до мала излезност што ги прави изборите нечесни и нелегитимни. Гласањето со маски и ракавици потсвесно делува кај луѓето дека можат да бидат заразени и во ситуација да бираат меѓу здравјето и гласањето, нормално ќе го одберат здравјето.

Единствена Македонија ги повикува актерите на утрешната т.н. лидерска средба кај Пендаровски да прифатат електронско гласање од дома, со што се обебзбедува масовно гласање, и ајде сите на избори.

Ја користиме приликата уште еднаш да го осудиме форматот на утрешната средба кај Пендаровски со две македонски и дури пет албански партии кои треба да одлучуваат за изборите и изборната кампања за сите учесници на изборите.

Центар за комуникации на Единствена Македонија Скопје, понеделник, 11 мај 2020

Макфакс Македонски весник 24 Инфо Тајм Грид Дејли Вести