Обвинителството да го повика Георгиевски за изјавата дека странски центар го назначил Ден Дончев


07.05.2020 | 14:05:31 | Избори


Обвинителството да го повика Георгиевски за изјавата дека странски центар го назначил Ден Дончев

Претседателот на ВМРО-Народна партија, Љубчо Георгиевски, вчера обелодени во јавноста дека доскорашниот директор на Фондот за здравствено осигурување, Ден Дончев, бил наметнат од страна и тоа не од еден туку од повеќе странски центри.

Да потсетиме, Ден Дончев не беше директор било каде, туку, на институцијата која располага со најмногу државни пари - Фондот за здравственото осигуруавње со најголем годишен буџет од дури 700 милиони евра.

Обвинителството веднаш да го повика Георгиевски да даде изјава кој странски центар го инсталирал Ден Дончев да располага со 700 милиони евра на македонските даночни обврзници, дотолку повеќе, во јавноста деновиве излегуваат информации дека Ден Дончев нелегално  се стекнувал со милиони евра.

Единствена Македoнија во име на Коалицијата „Никогаш северна - само Македонија“ очекува обвинителството да реагира и да открие кој се тие од надвор со моќ недозволиво да одлучуваат за работи кои се исклучиво во внатрешната надлежност на Република Македонија.

Центар за комуникации на Единствена Македонија Скопје, четврток, 7 мај 2020

Макпрес Скопје 1 Македонски весник Охрид  Тајм Вести Дејли Грид