Бачев го кани Каракачанов на дуел за вистината за македонските јаничари кои не издржале во историјата и за татарското потекло на Бугарите


06.05.2020 | 15:39:38 | Избори


Бачев го кани Каракачанов на дуел за вистината за македонските јаничари кои не издржале во историјата и за татарското потекло на Бугарите

Покана, Единствена Македонија проф. д-р Јанко Бачев, претседател на Единствена Македонија Скопје, среда, 6 мај 2020

Лидерор на Единствена Македонија Јанко Бачев го кани на дуел Красимир Каракачанов лидер на партијата ВМРО-БНД.

-„Слушнав нешто од поканата на Красимир Каракачанов до Никола Груевски за дуел на темата ВМРО и за историскиот карактер на Македонија и Македонците. Но, еве, штом Каракачанов е мераклија на дуели, го повикувам на дуел на темата за македонските јаничари во Бугарија кои не издржале во историјата и за татарско-монголското потекло на Бугарите. Да му предочам на Каракачанов неспорни историски докази дека ние Македонците немаме проблем со Бугарите кои се горди на своето татарско-монголско потекло, туку дека нашиот проблем како Македонци се одродените македонски јаничари во Бугарија, кои, за жал, не издржале во историјата и потклекнале на егзархиската пропаганда.  Го повикувам Каракачанов да не се плаши да прифати дуел и да ја види вистината која базира на историски извори за македонските јаничари во Бугарија и татарско-монголското потекло на Бугарите. Патем, се согласувам Каракачанов како долгогодишен соработник на бугарските тајни служби под псевдонимот „Иван„ со задача за кодошење на  Македонците во Пиринска Македонија да ги понесе со себе сите службени белешки кои ги пишувале агентите на БНРС од изворот Каракачанов како соработник на бугарската служба. Подготвен сум за дуел или во бугарската престолнина Софија или во престолнината на Пиринска Македонија - Благоевград„ - се вели во поканата на Бачев до Каракачанов за дуел.

Центар за комуникации на Единствена Македонија Скопје, среда, 6 мај 2020

Скопје 1

Македонски весник

Макпрес

Охрид

Тајм

Дејли

Вести

Грид