Мора да издржиме во битката за Македонија, не му било лесно и на Гоце Делчев


04.05.2020 | 15:45:21 | Избори


Мора да издржиме во битката за Македонија, не му било лесно и на Гоце Делчев

Денешниот ден од 117 годишнината од загинувањето на Гоце Делчев нека биде потсетник за целиот македонски народ дека единствени и сплотени мора да успееме против бугарско-грчкиот поход за бришење на Македонците од светската мапа на нации.

Борбата на Гоце Делчев беше создавање на независна македонска држава а нашата борба сега е истата да ја зачуваме пред налетот да се избрише се што е македонско.

Досега како Македонци го одржувавме споменот на Гоце Делчев со положување на цвеќиња, но, сега треба одбрана на остварениот идеал на Делчев - слободна и независна Македонија. Тоа нема да биде чекорење по едноставен пат, но, мора да издржиме оти нашата борба е исправна, ова е битка за Македонците, битка за Македонија, борба за опстанок на цел еден народ.

Не му било лесно и на Гоце Делчев. Можел Делчев да биде само учители а не идеолог и револуционер и со другите реовлуционери да си седат дома и да не одат во планините. Ама така ќе ја немаше Македонија.

За Единствена Македонија и Коалицијата „Никогаш северна - само Македонија“, Гоце Делчев е столбот на Македонија, беше и ќе остане Македонец.

Центар за комуникации на Единствена Македонија Скопје, понеделник, 4 мај 2020 година

Макпрес

Македонски весник

Тајм