Единствена Македонија до Бугарија: Оставете ги на мира Македонците, спремни сме да ви ги подариме Малески, Георгиевски, Бучковски и Заев


02.05.2020 | 14:31:24 | Избори


Единствена Македонија до Бугарија:  Оставете ги на мира Македонците, спремни сме да ви ги подариме Малески, Георгиевски, Бучковски и Заев

Република Бугарија јавно ја соопшти својата позиција дека патот на Република Македонија за членство во Европската Унија подразбира целосно обезличување на македонскиот народ со бришење на јазикот и нацијата. Бугарски академици, историчари, политичари сегашни и поранешни водат агресивна кампања за докажување на наводниот бугарски карактер на Македонија и Македонците. За волја на вистината, обезличувањето на Македоцните не доаѓа од Бугарите кои се свесни за своето татарско-монголско потекло, туку од македонските јаничари во Бугарија кои не издржале во историјата.

Но, на големо изненадување во Македонија носители на проектот за подарување на милениумската македонската нација, јазик и историја на Бугарија се поранешните фукционери Денко Малевски, Љубчо Георгиевски, Владо Бучковски кои се продолжение на политиката на Зоран Заев кој со договорот со Бугарија ги брише Македонците во Македонија и во пиринскиот дел на Македонија.

Единствена Македонија како партија која во основа се бори за одбрана на националните интереси, во име на Коалицијата „Никогаш северна - само Македонија“ заедно со македонскиот народ е спремна да започне постапка за решавање на недоразбирањата со Бугарија на начин што Зоран Заев,  Љубчо Георгиевски, Владо Бучковски и Денко Малески ќе и бидат подарени на Бугарија, а Македонците да бидат оставени на мира.     

Центар за комуникации на Единствена Македонија Скопје, сабота, 2 мај 2020  

Медиуми: Скопје 1 Македонски весник Макпрес Охрид Тајм Дејли Грид