Мирчевски: Срамота, прехранбените пакети не биле хуманитарна помош, туку проект на СДСМ за купување гласови за изборите


29.04.2020 | 12:52:07 | Избори


Мирчевски: Срамота, прехранбените пакети не биле хуманитарна помош, туку проект на СДСМ за купување гласови за изборите
Прес конференција, Коалиција „Никогаш северна - само Македонија“ Мирјана Мирчевски, претседателка на Унијата на жени на Единствена Македонија Битола, среда, 29 април 2020

Почитувани,

Опшински кризни штабови раководени од кадри на СДСМ, речиси секој ден делат прехранбени пакети на сиромашни семејства низ државата. Од овие кризни штабови кои ги има скоро во секоја општина порачуваат дека пакети ќе се делат се додека трае кризата.

Во ова тешко време на кризата со коронавирусот убаво е кога народот слуша како сиромашни семејства добиваат прехранбени пакети.

Но, оваа хумантирана акција на општинските кризни штабови е неискрена и во заднина е партиска акција на СДСМ за купување гласови со буџетски пари.

Имено, од раководството на СДСМ е дадена наредба до секој нововработен во администрација во последните три години да мора да одделува од платата по 1.000 денари и да обезбеди прехранбен пакет кои потоа се делат на семејства.

Значи, наводната хуманитарна акција, всушност е ефтин маркетиншки трик на СДСМ за купување на гласови пред изборите. Власта на СДСМ во изминатите три години има вработено неколку десетици илјади во администрацијата.

Доколку партиските војници на СДСМ во администрацијата сакат да одделуваат од своите плати, тоа можат да го прават на наменската сметка на министерството за здравсто за донации од каде државата го помага народот во кризата.

Но, партиските војници на СДСМ во администрацијата имаат партиска наредба од своите плати да дават за партијата, во случајот да прават прехранбени пакети за купување на гласови за изборите.

Во краен случај, овие пакети пак се на товар на народот бидејќи овие партиски војници на СДСМ вработени по партиска линија земаат плата од буџетот.

Ова е класичен потпкуп од СДСМ со делење пакети во замена за гласови на изборите.

Како и да е, Единствена Макеоднија во име на Коалицијата „Никогаш северна - само Македонија„ апелира до народот:  Секогаш кога ќе ви донесат пакети или било какви продукти - не ги одбивајте. Земете се што ќе Ви дадат. Тоа е од Вашите пари кои со години Ви ги крадеа. Секој пат кога ви носат пакети имајте на ум дека дека тоа не го прават заради Вас, туку пред се заради себе, да купуваат гласови за да можат и понатаму да владеат, да ја пљачкаат и рушат Македонија.

Ако ви носат пакети - прифатете, но не дозволете да ве скршат, да Ви го уништат духот, да ви го срушат достоинството на човек, да ве деморализираат. Им се ближи крајот, на изборите ќе бидат катастрофално поразени. Македонци и Македонки од вас и вашата волја зависи се. Судбината е во Ваши раце.

Коалицијата „Никогаш северна - само Македонија„ со секојдневното предлагање на мерки во кризата, на конкретен начин покажува дека секогаш е со народот.

Коалицијата „Никогаш северна - само Македонија“ продолжува одговорно да се однесува и останува до крај на страната на народот, до целосна победа во битката со коронавирусот.

Ви благодарам,

Центар за комуникации на Коалицијата „Никогаш северна - само Македонија“ Битола, среда, 29 април 2020 Македонски весник Макпрес Тајм