Заев е кукавица и плашливец кој нема храброст да го испита злосторството кај Вејце од терористите од ДУИ


28.04.2020 | 11:54:31 | Избори


Заев  е кукавица и плашливец кој нема храброст да го испита злосторството кај Вејце од терористите од ДУИ

Зоран Заев под закрила на своите странски ментори покажа храброст со бришењето на името, идентитетот, историјата и традицијата на македонскиот народ.

Зоран Заев и вчера на годишнината од настаните во Собранието на 27 април храбро ликуваше на нарачаните осуди на уставобранителите на затворски казни повеќе од два века.

Заев во иминатите три години храбро се залага за масовно испитување на случаите за кои се заинтересирани неговите миленици Албанци, како што се, Диво Насеље, Монструм, Бродец, Сопот и притоа со политички одлуки на СДСМ и ДУИ масовно се ослободуваа инволвираните Албанци во овие случаи.

Но, Зоран Заев е кукавица и плашливец кога се работи за испитување на случаите за кои е заинтересиран и македонскиот народ, како што се Вејце, Карпалак, Љуботенски пат... а во кои македонските бранители беа пратени во заседа и мораа да загинат. За овие случаи, од страна на Заев целосен молк.

И по повод годишнината од масакрот кај Вејце во кој осуммината македонски бранители беа ѕверски убиени, Заев нема храброст најпосле да започне со расчистување со еден од најкрвавите и најбруталните масакри во поновата македонска историја.

Една од првите задачи на новата легална власт на Единствена Македонија ќе биде токму  расчистувањето на сомнителното загинување на македонските бранители, одговорност мора да има. Расчистувањето може да оди многу лесно, бидејќи во македонската тајна полиција постојат оперативни документи од кои се гледа дека убијците на македонските бранители седат рамо до рамо со Зоран Заев во извршната и законодавната власт на СДСМ.

Центар за комуникации на Единствена Македонија Скопје, вторник, 28 април 2020

Скопје 1 Македонски весник Тајм