Единствена Македонија до Заев: Побарај на собраниската седница уставобранителите да си заминат дома, си ја исполни желбата за одмазда


27.04.2020 | 14:39:20 | Избори


Единствена Македонија до Заев: Побарај на собраниската седница уставобранителите да си заминат дома, си ја исполни желбата за одмазда

Единствена Македонија ја повикува власта на СДСМ и Зоран Заев на евентуалната седница со свикување на веќе распуштениот парламент да ги амнестира и уставобранителите кои се фрлени во занданите на „Идризово“ само поради желбата на Заев за лична одмазда спрема некои од уставобранителите.

Денешниот ден од тригодишнината од немилите настани во Собранието е добра прилика да потсетиме дека уставобранителите најпосле треба да си заминат дома бидејќи, шамари, клоци, кршење на врати во Собранието... во никој случај не можат да бидат причина за изрекување на казни од преку двеста години затвор.

Време е власта и Зоран Заев да престанат да си поигруваат со човечки судбини притоа надевајќи се на повторен пазар со некој од осудените за најновиот процес кој започна сега против т.н организатори налик на пазарењето со одметнатите и купени осум пратеници од ВМРО-ДПМНЕ кои наменски се притвораа и судеа за да послужат за непристоен пазар - слобода за даден глас во Собранието за бришењето на се што е македонско.

Устата на Зоран Заев е полна со простување, верба во Бог, христијански вредности и оттука очекуваме да го направи потребниот чекор и осудените уставобранители да бидат пуштени на слобода.

Единствена Македонија ветува дека овој случај ќе има и второ полувреме бидејќи поседуваме цврсти докази дека уставобранителите се осудени во политички наместен случај.

Центар за комуникации на Единствена Македонија
Скопје, понеделник, 27 април 2020

Медиуми:

Скопје 1

Македонски весник

Макпрес

Охрид

Тајм

Вести

Дејли

Грид