Единствена Македонија: СДСМ и Зоран Заев го губат компасот, го сметаат за голем успех тоа што Бугарија и Грција не множат со нула


25.04.2020 | 15:06:04 | Избори


Единствена Македонија: СДСМ и Зоран Заев го губат компасот, го сметаат за голем успех тоа што Бугарија и Грција не множат со нула

Единствена Македонија во име на Коалицијата „Никогаш северна - само Македонија“ реагира на соопштението на СДСМ со кое владеачката партија се фали со успеси на меѓународен план, дека почнуваме преговори со ЕУ и дека изјавата на Бугарија за бришење на Македонците не значи ништо.

Го повикуваме СДСМ да покаже датум за почнување на преговори за членство во ЕУ. Такво нешто нема. Формулацијата ЕУ ќе започне преговори со Македонија е толку воопштена што никој жив не може да ја каже нејзината прецизна содржина, а прашање  е дали некогаш и ќе  има преговори во услови кога ЕУ се распаѓа. Второ, одлуките кон членството на Македонија во Унијата се донесуваат едногласно и без исполнување на условите од Бугарија за бришење на Македонците ќе следи вето од бугарска страна и нема интеграции во ЕУ.

Како и да е, народот да не наседнува на лажната пропаганда на СДСМ и Заев. Дури, Македонија и утре да стане членка на ЕУ, пак ќе си биде исто. Доолку сами не си ја средиме внатре државата со чесни и честити политичари, никој од надвор нема да не направи држава со добар стандард

Но, СДСМ и Зоран Заев го губат компасот. Претходно Грција, а сега и Бугарија не множат со нула а владеачката партија го смета за успех бришењето на името, идентитетот, јазикот, историјата и традицијата на македонскиот народ.

Единствена Македонија во име на Коалицијата „Никогаш северна - само Македонија“ ветува дека ќе ја придвижи Македонија кон членство во сојузи и меѓународни организации согласно референдумската волја на македонскиот народ и државјаните на Република Македонија од 30 септември 2018 година.

Центар за комуникации на Коалицијата „Никогаш северна - само Македонија“ Скопје, сабота, 25 април 2020

Охрид 1 Макпрес Македонски весник Скопје 1 Тајм