Билјана Џинго: Стопанската комора ги испомешала работите, нивните олигарси во криза треба да дават, а не да земат од народот


12.04.2020 | 14:33:19 | Избори


Билјана Џинго: Стопанската комора ги испомешала работите, нивните олигарси во криза треба да дават, а не да земат од народот

Во ова тешко време на кризата со коронавирусот, народот со неверување ја слуша најновата иницијатива од Стопанската комора на Македонија за зголемување на акцизата на горивата.

Стопанската комора очигледно ги испомешала работите, бидејќи, во услови на тешка криза потребна е помош, а не пљачкање на народот.

Но, во интерес на вистината треба да се каже дека Стопанската комора застанува против народот од оправдани причини:  Комората е своевиден картел на интересите на луѓето кои ја опљачкаа Македонија во криминалната приватизација и постприватизација со грабеж на 15 милијарди евра народен имот во изминатите 30 години. Работите стануваат појасни ако се знае дека токму овие транзициски олигарси се всушност членките во Стопанската Комора.

Транзициските олигарси во изминатите 30 години  се научени да земаат, а не да даваат на народот. Единствена Македонија во име на Коалицијата „Никогаш северна - само Македонија“ изразува надеж дека власта нема да ја прифати оваа иницијатива на Стопанската Комора против народот.

Центар за комуникации на Коалицијата „Никогаш северна - само Македонија“ Скопје. недела, 12 април 2020

Скопје 1

Макпрес Македонски весник Тајм Вести