11.04.2020 | 13:55:57 | Избори
Во ова тешко време со коронавирусот кое досега одзеде 30 животи, а преку 100.000 луѓе останаа без работа, владата на СДСМ и Зоран Заев се расфрлаат со буџетски пари за финансирање на албанските универзитети во Македонија.
Пред два дена, власта на СДСМ му додели буџетски пари на Универзитетот на Југоисточна Европа - Тетово. Но, власта од буџетот исто така ги финансира и Државниот универзитет во Тетово и Универзитетот „Мајка Тереза“.
Потсетуваме, своевремено албанското малцинство во државата бараше еден, а марионетските власти во Скопје низ годините им дадоа дури три универзитети на албанците финансирани од народни пари од буџетот.
Единствена Македонија во име на Коалицијата „Никогаш северна - само Македонија“ најостро ја осудува оваа неприродна и недозволива состојба во која дури три државни универзитети на албанското малцинство се луксузираат врз грбот на македонските државни обврзници. Коалицијата „Никогаш северна - само Македонија“ ќе го преиспита ваквото работење, одговорност мора да има.
Центар за комуникации на Единствена Македонија Скопје, сабота, 11 април 2020
Скопје 1 ТВ Сител Македонски весник Макпрес Вести Тајм