Единствена Македонија: Уште колку заболени и починати треба од коронавирусот, за да видиме домашно единство меѓу Заев и Мицкоски


05.04.2020 | 14:45:17 | Избори


Единствена Македонија:  Уште колку заболени и починати треба од коронавирусот, за да видиме домашно единство меѓу Заев и Мицкоски

Единствена Македонија во име на Коалицијата „Никогаш северна - само Македонија“ најостро ги осудува секојдневните кавги за кризата меѓу Зоран Заев и Христијан Мицкоски.

Устите на Заев и Мицкоски се полни со грижа за здравјето на народот. Но, во реалноста гледаме препукувања за се и сешто меѓу Мицкоски и Заев. Ова е стара практика на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ секогаш кога земјата е во некаква криза - воена, политичка, безбедносна, еве сега и здравствена,  да се расправаат наместо да покажат единство во елиминирањето на последиците од оваа здравствена криза.

Зоран Заев и Христијан Мицкоски не можат да разберат дека домашното единство во кризата е најсилната брана. Заев и Мицкоски не можат да разберат дека здравјето на луѓето не трпи политички калкулации.

Едно е јасно, сега е потребно домашно единство, дотолку повеќе, здравстените власти во земјата кажуваат дека влегуваме во пикот на заразата, се очекува врвот во наредните 2 до 3 недели.

Коалицијата „Никогаш северна - само Македонија“ ги прашува Зоран Заев и Христијан Мицкоски, ако сите заболени и починати од коронавирусот не се доволно за сплотеност, тогаш, што уште треба да се случи за да видиме домашно единство на Заев и Мицкоски во битката со коронавирусот.

Коалицијата „Никогаш северна - само Македонија„ на конкретен начин покажува дека е на страната на народот. Впрочем, Коалицијата „Никогаш северна - само Македонија„ има високо активна улога во кризата со секојдневно промовирање на мерки од интерес за народот и државата.

Центар за комуникации на Единствена Македонија Скопје, недела, 5 април 2020 Медиуми: Макфакс Македонски весник Скопје 1 Весник 24 Инфо Вечер МТМ Грид Дејли Вести Тајм