ФРОДЕМ: Премиере наложете им на банките мораториум за кредитите и помали каматни стапки


02.04.2020 | 15:36:55 | Избори


ФРОДЕМ: Премиере наложете им на банките мораториум за кредитите и помали каматни стапки

ФРОДЕМ - Фронт за демократска Македонија како дел од Коалицијата ,,НИКОГАШ СЕВЕРНА, САМО МАКЕДОНИЈА” го повикува техичкиот премиер Спасовски, целата влада како и Гувернерот на Народна Банка, г-ѓа Бежовска, да соберат храброст и да им наложат на банките наместо одложување на кредитите и пресметување камата за одложено плаќање да прогласат мораториум на сите видови кредити како и намалување на каматните стапки на кредитите кои се најголеми во светот.

Исто така ФРОДЕМ и предлага на Владата да прогласи и мораториум на каматите кои ги плаќаат банките на вложените средства на граѓаните во нивните банки. Со досега понудените мерки банкарите не го олеснуваат товарот и тешкотијата со која се соочуваме сите ние.

Без разлика што капиталот во банките во најголем дел е приватен, акционерите во банките, во оваа невидена здравствена и економска светска криза, не смеат да бидат алчни и желни за профит по секоја цена. Тие мора да бидат солидарни и човечни и да им помогнат на сите нивни клиенти полесно да ја надминат оваа криза.

Сега покажаната солидарност и човечност ќе знаат во иднина да ја ценат граѓаните на оваа наша држава.

Центар за комуникации на Коалицијата „Никогаш северна - само Македонија“ Скопје, чеврток, 2 април 2020

24 Инфо Денешен магазин Плусинфо Тајм