(ВИДЕО) Бачев: Заев води срамна пропаганда со буџетските пари за партиите, а на изборите во 2016 потроши 10 милиони евра


02.04.2020 | 13:54:18 | Избори


(ВИДЕО) Бачев: Заев води срамна пропаганда со буџетските пари за партиите, а на изборите во 2016 потроши 10 милиони евра

Прес конференција, Коалиција „Никогаш северна - само Македонија“ проф. д-р Јанко Бачев, претседател на Единствена Македонија Скопје, четврток, 2 април 2020

Почитувани,

Повод за денешната прес конференција е најновата срамна кавга меѓу Зоран Заев и Христијан Мицкоси околу тоа дали треба или не треба да се стопира исплатата на пари од буџетот за партиите во 2020 година.

Ова е стара практика на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, секогаш кога земјата е во криза да се расправаат меѓу себе за се и сешто. Сведоци сме во изминатите 30 години без оглед дали земјата е во воена, политичка, безбедносна, еве сега и во здравствена криза, секогаш гледаме расправии меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ. Овие две партии не можат да разберат дека во услови на криза домашното единство е најсилната брана од било каква закана, дали внатрешна или надворешна.

Еве сега сведоци сме, кај народот владее страв и паника од коронавирусот, се бара начин како животот на луѓето да се врати во нормала, само Зоран Заев и Христијан Мицкоски три дена се расправаат дали да се стопираат парите за финансирање на партиите за 2020 година.

Не е спорно дека СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ добиваат годишно од буџетот по околу 1,5 милион евра за нивно финансирање. Но, не е спорно и дека Заев изјави дека за справување со последиците од коронавирусот во буџетот недостасуваат фантастични 2 милијарда и двеста милиони евра.

Оттука, оваа расправија во која Заев божем бара а Мицкоски божем не се согласува со откажувањето од парите за партиите е само ефтин пропаганден трик и навреда на интелегенцијата на народот. Прашањето е што ќе покрие Заев со 1,5 милион евра во кризата кога му требаат дури 2 милијарда и двеста милиони евра, а не на одмет да потсетиме дека Заев на изборите во 2016 потроши фантастични десет милиони евра во кампањата, а сега и на изборите што следат ќе потроши десетици милиони евра.

Единстена Македонија го повикува Заев да каже од каде ќе ја финансира кампањата штом се откажува од легални пари од буџетот. Финансирањето на партиите надвор од буџетот е забрането, значи ли тоа дека Заев веќе има обезбедено десетина милиони евра од црни извори за изборите.

Едно е јасно, Заев треба да се засрами, неговото однесување е ниско и неодговорно со водењето гола пропаганда со финансирањето на партиите за ефтини политички поени за врема на здравствената криза.

Зоран Заев има силна законска и морална обврска да каже како ќе ја финансира кампањата на изборите ако се откажува од легалните извори на финансирање.

Единствена Македонија која е дел од Коалицијата „Никогаш северна - само Македонија„ на конкретен начин покажува дека секогаш е со народот со секојдневното предлагање на мерки од Пакетот мерки на Коалицијата „Никогаш северна - само Македонија„ во борбата против коронавирусот.

И во овој случај Единствена Македонија е на страната на народот и предлага буџетските средства за партиите да се доделат на најзагрозените семејства во кризата.

Ви благодарам,

Центар за комуникации на „Коалицијата „Никогаш северна - само Македонија“ Скопје, четврток, 2 април 2020 Макфакс Скопје 1 Македонски весник 24 Инфо Грид Вести Тајм