Загарантирана пропаст


01.04.2020 | 20:10:57 | Избори


Загарантирана пропаст

Веб колумна, Горан Неделковски член на Советот на Тврдокорни, среда, 1 април 2020

Луѓето имаат разни дарови за успешно вршење на определени работи. Поседувањето на дарот зависи од благодатта. Благодатта која една личност ја има зависи од претходните заслуги за стекнување на таа благодат во таа област.

Ако се изгубила благодатта, подобро е да стои понастрана додека не се отстранат пречките за благодата да се врати. Инаку човек колку и да се сили (во таа област) нема да постигне успех.

Така, во Македонија имаме еден слој на неблагодатни луѓе кои скоро за ништо не ги бива. Луѓе - паразити кои ги бива само за да живеат на грбот на обичниот човек. Тие некогаш беа дел од народот, исти како и сите други Македонци. Произлегоа од народот, но беа предолго "на власт" - така што се паразитизираа.

Во социјализмот живеејќи долго во непореметена удобност децата на т.н. црвена буржазија прерасна во еден вообразен слој во кој секој од нив е убеден дека е нешто повеќе од другите, самоубеден дека е најпаметен, а со целосно изгубена врска со творечка работа.

Богати со образование, звања, па дури и со име од славни семејства, но неспособни за било што општествено творечки да создадат. Така се створи внатрешната геноцидна структура надарена со паразитски способности спремна да уништи цела држава, македонска култура, народните добра, се што било претходно стекнато само за да биде "горе", "на власт".

Структура која гравитира околу партијата СДС. Антиталенти кои ставени пред избор, во своите умови имаат антени секогаш да го изберат погрешното и црното. Да биде македонската трагедија уште полоша, партискиот противник раководниот слој околу ВМРО-ДПМНЕ иако со подобра приземност кога увиде колку е сладок паразитскиот живот на грбот на народот, одлучи да не се мачи и да ризикува туку да му се предаде на паразитизмот.

Во изминатите 3 десетлетија дали има нешто кое на геноцидната структура нешто им успеало? Барем едно нешто да им успеало? Започни нешто, недозаврши, како во 90тите години така и сега. Три десетлетија паразитско живеење со распродавање на она кое претходно било стекнато.

И еве сме сега во време на пандемиската вирусна криза пред опасност за животите на нашите најблиски, за македонското стопанство, а одлуките треба да ги носат антиталентите без благодат за било што успешно да сработат. Не знам какви здравствени стручњаци да ги советуват, не знам колку финансии помош да добијат, тие паразити секогаш ќе го изберат погрешното. Ќе глумат загриженост, отменост, совесност, а во себе сметаат дека како и претходно, сметката пак да ја платат обичните луѓе. Според нивното познато самозалажување: Ако научени си се тие на тоа. Ќе се снајде народот, секогаш се снајдувал. Џабе мерките, џабе би биле "најдисциплинирани" и со сета материјална помош од овој свет - ТИЕ НЕМААТ БЛАГОДАТ! Исходот не може да биде ништо друго освен - ЦЕЛОСЕН КОЛАПС!

Но НИЕ КОАЛИЦИЈАТА НИКОГАШ СЕВЕРНА САМО МАКЕДОНИЈА тоа нема да го дозволиме!

Македонскиот народ нема повеќе што да даде! Дојде крајот на патот! Овие огромни долгови ќе бидат платени со народните пари. Ама кои се наоѓаат во вашите џебови. Овој пат, кога ќе дојде до колапсот, сметката ВИЕ ЌЕ ЈА ПЛАТИТЕ!