ФРОДЕМ: Петте милиони евра наместо кај партиите да влезат во џебот на граѓаните


31.03.2020 | 14:33:02 | Избори


ФРОДЕМ: Петте милиони евра наместо кај партиите да влезат во џебот на граѓаните

Фронт за демократска Македонија - ФРОДЕМ како дел од Коалицијата ,,НИКОГАШ СЕВЕРНА, САМО МАКЕДОНИЈА не може да се изначуди на лицемерниот однос на поголем број лидери на политички партии, но и на нивниот молк кога се работи за пренамена на парите наменети за финансирање на нивните партии.

Еден дел од нив при предлагањето мерки за надминување на кризата беа мошне гласни во барањето да се скратаат пари од администрацијата, а други беа уште погласни да им се помогне на добростоечките бизнисмени. Кога на дневен ред дојде прашањето да се откажат од народните пари наменети за нивните политички партии тие наеднаш занемеа. Им застана ,,коската” во грло. Ниту можат да ја голтнат докрај, ниту да ја исплукаат. Се држат до девизата дека молчењето е злато, а народот е со кратко паметење. Брзо ке заборави.

Уште пострашно, но и невидено лицемерие е кога лидер на политичка партија говори и уценува дека ,,тој и неговите сопартијци би се окажале од државните пари наменети за неговата партија, само доколку актуелните функционери би работеле про-боно додека трае кризата”. Ваков алиби изговор и дрско уценување во време на невидена здравствена и економска криза, досега се нема слушнато од лидер на партија која претеденира на префиксот ем народна, ем демократска партија.

Затоа ФРОДЕМ предлага наместо и понатаму да се трпат и слушаат вакви уцени и политички надмудрувања и малограѓански итроштини, 5-те милиони евра од буџетот на државата наменети за финансирање на политичките партии да се пренаменат и распределат на 100.000 најзагрозени семејства (по 50 евра по семејство) според критериуми определени од Министерството за труд и социјална политика и Владата на Република Македонија.

Финансирањето на политичките партии со пари на граѓаните е нелегитимно озаконет грабеж на сограѓаните од страна на двете големи политички партии и нивните сателит партии. Основната цел на ваквото квази законско решение е лидерите и раководствата на партиите безгрижно, но и луксузно да ги минуваат деновите од едни до други избори, притоа натпреварувајќи сé, кој ќе успее да излаже и изманипулира поголем број свои сограѓани.          

Затоа ФРОДЕМ и предлага на Владата со Уредба со законска сила да го сопре понатамошното финансирање на политичките партии со пари од буџетот на државата. Срамно, жално и  нечовечки е политичките партии да добиваат народни пари од граѓаните кога тие едвај егзистираат на дневна основа.

Плус инфо
24 Инфо
Локално
Стандард
Тајм
Грид
Вести