(ВИДЕО) Кекеновски: Заев и Мицкоски како ,,грнче и капаче”


27.03.2020 | 14:13:54 | Избори


(ВИДЕО) Кекеновски: Заев и Мицкоски како ,,грнче и капаче”

Прес конференција, „Никогаш северна - само Македонија“ проф. д-р Јове Кекеновски, претседател на ФРОДЕМ Скопје, сабота, 27 март 2020

Почитувани,

СДССМ и Зoран Заев упорно бараат сите граѓани солидарно да го понесат товарот на кризата. Упорно како сиве овие години наназад сакаат да јаваат на грбот на граѓаните. Кога политичарите од партијата која го овозможи најголемиот грабеж на општествениот капитал од страна на дваесетмина ним блиски бизнисмени, бараат од осиромашениот и соголен до гола кожа граѓанин солидарно да го понесе товарот на кризата, тоа укажува на бесрамност, амнезија, недоговорност и лицемерност.

ФРОДЕМ како дел од Коалицијата ,,Никогаш северна, само Македонија” е на ставот доколку Заев за време на премирувањето беше вистински премиер, а не премиер кој перфидно и суптилно ги копираше постапките на неговиот претходник Груевски и неговата фамилија, денес немаше да кажува бајки за солидарност. Од друга страна наводниот опонент на Заев и СДСМ, Мицковски и ДПСМНЕ, наместо да се грижат за граѓаните, тие приоритетот во оваа криза го ставаат на финансиска помош на бизнисмените.

Коалицијата ,,Никогаш северна, само Македонија” му порачува на Мицковски наместо да бара пари за бизнисмените, јаво да побара неговите поранешни партиско претпоставени сопартијци (сега осомничени и обвинети средно и многу богати бизнисмени), на кои тој им служеше додека тие го пљачкаа македонскио граѓанин, доброволно да ги вратат украдените пари и целиот нелегално стекнат имот во посебен Фонд за помош на граѓаните во оваа тешка ситуација.

Во таа насока Коалцијата ,,Никогаш северна, само Македонија” им порачува на Заев и Мицковски наместо да глумат опоненти и наводна загриженост, ургентно да се солидиризират со банкарите и со големите бизнисмени кои им се под контрола и чие неизмерно богатство им го овозможија партиите чии лидери сé, и заеднички ургентно да формираат посебен доброволен ФОНД за помош на граѓаните на Република Македонија во оваа тешка здравствена и економска криза.

Центар за комуникации на Коалицијата „Никогаш северна - само Македонија“ Скопје, сабота, 27 март 2020