(ВИДЕО) Талевски: Да се воведе ефтина тарифа за струја од 13 до 17 часот, ЕВН има силна обврска да помогне - еве ги причините


28.03.2020 | 15:50:09 | Избори


(ВИДЕО) Талевски: Да се воведе ефтина тарифа за струја од 13 до 17 часот, ЕВН има силна обврска да помогне - еве ги причините

Прес конференција, Коалиција „Никогаш северна - само Македонија“ Милан Талески, претседател на Унија на ветерани на ВМРО 1990 Скопје, сабота, 28 март 2020

Претседателот на Унија на ветерани на ВМРО 1990, Милан Талевски, кое е дел од Коалицијата „Никогаш северна - само Македонија, на денешната прес конференција во име на Коалицијата промовираше уште една мерка од Пакетот мерки на Коалицијата „Никогаш северна - само Македонија“.

Талевски побара да се пропише ефтина тарифа за потрошувачите на електрична енергија во периодот од 13:00 до 17:00 часот, со цел да се олесни животот на народот во услови на здравствена криза со коронавирусот. Талевски ги образложи детално аргументите за оправданоста на оваа мерка и притоа побара мерката да важи во мај, јуни и јули како би можело ЕВН во арпил да ги припреми броилата. ЕВН има силна обврска да помогне во кризата оти своевремно кога ја доби Електродистрибуција му беа пренесени сите фактурирани а ненаплатени сметки од граѓаните што беше прилично голем профит и добивка за ЕВН - потенцираше Талевски.

Скопје 1 Македонски весник ">Јутуб Канал