ФРОДЕМ: Заев мора да престане да владее преку грбот на граѓаните


25.03.2020 | 16:01:42 | Избори


ФРОДЕМ: Заев мора да престане да владее преку грбот на граѓаните

Фронтот за демократска Македонија - ФРОДЕМ кое е дел од „Коалицијата „Никогаш северна - само Македонија“ денеска во име на Коалицијата реагираше на срамните економски мерки на лидерот на СДСМ Зоран Заев во врска со кризата со коронавирусот.

-„Претседателoт на СДССМ, Зoран Заев, повторно побарува солидарно сите граѓани да го понесат товарот на кризата. И повторно бесрамно по којзнае кој пат преку грбот на граѓаните. Додека Заев беше премиер наместо што правеше задкулисни договори со опозицијата, да се потрудеше да ги врати украдените милијарди евра од криминогеното поранешно државно раководство и од оние кои сега се во највисокитеи партиски редови на опозицијата како и во редовите на неговиот колиционен партнер во власта (да засветеше бројчаникот со вратените украдени пари) денес немаше да зборува дека буџетот не може да го издржи товарот на кризата и дека е потребна рамномерна распределба на товарот.

Заев денес немаше да бара граѓаните солидарно да ги сносат трошоците за справување со кризата доколку неговите блиски не ги рекетираа бизнисмените за лично богатење, наместо да побараше да се утврди потелото на нивниот имот и богатството па нелегално стекнатиот имот да го одземавте во интерес на државата или пак доколку не дававте големи буџетски народни пари на партиски фирми за наводни иновации. Доколку Заев додека беше на власт не постапуваше исто како и неговите претходници и доколку не ги изневереше очекувањата на граѓаните на економски план сега немаше вака бесрамно и неодговорно да кажува бајки за солидарност.

Поранешен премиеру Заев, нели е срамно и жално пари за справување со кризата да барате од најсиромашните граѓани во Европа, кои сите Вие како и вашите претходници ги соголевте до гола кожа. Нели е срамно во духот на популизмот и наводната еднаквост да се затскривате зад солидарноста. Се повикавте ли на солидарност кога пред Ваши очи политичарите ги грабаа народните пари и ги осиромашуваа граѓаните или пак кога делевте тенедери на послушни пратеници и бизнисмени. Тогаш не ви текна на солидарност, туку имавте други планови со осомничените и обвинети криминални структури.

Затоа, поранешен премиере Заев, ФРОДЕМ во име на Коалицијата „Никогаш северна, само Македонија”  Ви порачува Вам, но и на сите политичари од власта и од опозиција да изнајдете начин и да се солидиризирате со банкарите и со големите бизнисмени чие неизмерно богатаство им го овозможивте  и едните и другите, и заеднички да им помогнете на граѓаните на Република Македонија во оваа тешка криза.

Оној момент кога политичарите ќе им овозможат удобен живот на нашите граѓани, а не постојано да крпат крај со крај, мизерно да поминуваа ден за ден, тогаш не треба Вие да ги потсетувате на солидарност, туку сами ќе одвојат од семејниот буџет.  Сега е потребно сите Вие да им помогнете на граѓаните.

Секогаш кога имал овој народ, бил и секогаш ќе остане солидарен и не му е потребно некој политичар да го потсетува на тоа.  Доколку Вие и техничката влада не можете тоа да го сторите, тогаш заминете и оставете некој друг експресно да го реши овој сериозен проблем како на здравствен така и на економски план“.

Центар за комуникации на Коалицијата „Никогаш северна- само Македонија„ Скопје, среда, 25 март 2020

МКД

Макфакс

24 Инфо

Грид

Вести Тајм