Единствена Македонија: Полицискиот час важи за обичниот народ а не и за Оливер Спасовски


23.03.2020 | 14:26:11 | Избори


Единствена Македонија: Полицискиот час важи за обичниот народ а не и за Оливер Спасовски

Единствена Македонија како дел од Коалицијата „Никогаш северна-само Македонија„ најостро регаира на селективното постапување на полицијата за непочитувањето на полицискиот час.

Денеска слушаме дека полицијата синоќа привела 18 лица кои давале отпор при опоменувањето дека не го почитувале полицискиот час а 74 лица бие опоменети за непочитување на полицискиот час. Но, меѓу овие лица не е и техничкиот премиер Оливер Спасовски кого синоќа го виде целата јавност како за време на полицискиот час беше по улиците низ Скопје.

Ја информираме јавноста дека Оливер Спасовски нема право по ниеден закон да биде на улиците по Скопје за време на полицискиот час, а согласно правните прописи точно  е утврдено кои овластени полициски лица може да вршат контрола по улиците дали се почитува полицискиот час.

Односот на полицијата спрема Оливер Спасовски е уште еден пораз на правната држава од власта на СДСМ која не ферма закони. Најповиканите во државата, како што е техничкиот премиер Оливер Спасовски не го почитува полицискиот час и за него нема никаква одговорност.

Законите во оваа држава важат само за обичниот народ, а не и за функционерите на СДСМ. Одговорност мора да има за секој, законите мора да важи за сите.

Центар за комуникации на Никогаш северна - само Македонија Скопје, понеделник, 23 март 2020