(ВИДЕО) Бачев со драматична порака до владата: Веднаш барајте помош од Русија и Кина


22.03.2020 | 16:53:52 | Избори


(ВИДЕО) Бачев со драматична порака до владата: Веднаш барајте помош од Русија и Кина

Прес конференција, Коалиција „Никогаш северна - само Македонија“ проф. д-р Јанко Бачев, претседател на Единствена Македонија Скопје, недела, 22 март 2020

Почитувани Македонци и Македонки,     Почитувани државјани на Република Македонија

Кризата со коронавирусот во Република Македонија се повеќе се шири и се очекува до крајот на месецот да го достигне максимумот.

Од друга страна, гледаме власта во Република Македонија нема капацитет да се справи со оваа кризна состојба од објективни, а во добар дел и субјективни причини.

Исто така, стратешките сојузници на власта во Скопје - НАТО и ЕУ не оставија на цедило. Нели сојузништвото подразбира да биде челично, да се дели и добро и лошо. Но, народски кажано НАТО и ЕУ не истумбаа на првата кривина. Потврдата дојде директно од Брисел. Пред два дена Европската комисија соопшти дека ЕУ не дозволува да увеземе заштитна опрема потребна во борбата против коронавирусот.

Затоа, во оваа драматична состојба кога народот е во паника и преплашен упатувам драматична порака до власта веднаш да побараат помош од Русија и Кина и тоа, не само помош во заштитна опрема, туку помош и во стручни лица, пред се виролози и епидемиолози кои во Македонија заедно со нашите тимови ќе ја бијат битката со коронавирусот. Ова е единствениот начин да го заштитиме народот.

За да ја добиеме битката со коронавирусот потребно е знаење, способност и достигнување. Владата во Скопје во овој момент го нема тоа.

Свесни сме дека за марионетската власт во Скопје и Зоран Заев и самото спомнување на зборот Русија и Кина предизвикува одбојност. Свесни сме дека власта во Скопје и Зоран Заев се преплашени од нивните странски газди во Брисле и Вашингтон да не им свикаат доколку побаарат помош од Русија и Кина.

Но, во овој момент сето тоа е небитно. Сега е најважно здравјето на народот. Здравјето на луѓето не трпи политички калкулации. Само така ефикасно ќе ги елиминираме последиците од оваа здравствена катастрофа.

Веднаш барање за помош од Русија и Кина. За ова е потребно официјално барање од владата. Господа од владата, потребен ви е само еден лист хартија или еден телефонски повик до Москва и Пекинг. Ние во коалицијата „Никогаш северна - само Македонија“ само може да потврдиме дека доколку се упати барање, помошта од Кина и Русија ќе дојде. Тоа го тврдиме со сигурност. Ние во Коалицијата „Никогаш северна-само Македонија“ го правиме потребниот чекор. Сега на ред е владата!

Ви благодарам,

Скопје 1 Македонски весник