(ВИДЕО) Кекеновски: Коалицијата ,,Никогаш Северна, само Македонија” бара да се воведе кризна состојба во целата држава


15.03.2020 | 23:51:16 | Избори


(ВИДЕО) Кекеновски: Коалицијата ,,Никогаш Северна, само Македонија” бара да се воведе кризна состојба во целата држава

Изјава, Коалиција „Никогаш северна - само Македонија“ проф. д-р Јове Кекеновски претседател на ФРОДЕМ кое член на Коалицијата „Никогач северна - само Македонија„ Скопје, недела, 15 март 2020

Јове Кекеновски во изјава за јавноста, вечерва, во име на Коалицијата „Никогаш северна - само Македонија“ соопшти предлог-мерки до надлежните органи за актуелната безбедносна, здравствена и целокупната состојба во државата предизвикани од корона вирусот.

Почитувани, 

Во име на Коалицијата ,,Никогаш Северна, само Македонија” а во пресрет на најавената седница на Советот за безбедност сметаме дека е потребно да се постигне консензус на сите политички субјекти во државата, Владата да воведе кризна состојба на целата територија на државата од 30 дена.  

А доколку ситуацијата не се подобри тогаш истата да се продолжи за нови 30 дена со Одлука на Собранието или пак Претседателот или 30 пратеници да побара Собранието да воведе вонредна состојба.

Потребно е во текот на утрешниот ден Претстедателот Пендаровски да ги покани лидерите на сите политичките партии кои се договорија за одржување на вонредни парламентарни избори како и сите претседатели и претставници на коалициите кои поднесоа листи на кандидати за изборите за одложување на изборите за одреден период.

Во име на Коалицијата ,,Никогаш Северна, само Македонија”, бареме Bладата итно да воведе пакет мерки насочени кон ублажување на негативните ефекти од епидемијата на коронавирусот врз економијата и здравствената состојба на граѓаните како и врз целокупната состојба во општеството.

  1. Целосно затворање на границите за сите граѓани од други држави, и задолжителна 14 дневна излоација за сите граѓаните кои доаѓаат и од државите кои се означени како држави со ниско ниво на ризик, од причина што ситуацијата се менува од час во час;
  2. МНР преку дипломатските и конзуларните претставништва во странство и Министерството за здравство да се потрудат под итно да им помогнат на нашите граѓани кои се во други држави, а кои држави имаат воведено забрана за влез и излез да им овозможат на нашите граѓани организирано да си дојдат дома и истите да бидат ставени во 14 изолација;
  3. Бараме итна суспензија на обврската на граѓаните за плаќање на режиски трошоци, даноци и рати за кредит на граѓаните со цел да се намали притисокот врз домаќинствата и малите бизниси; 
  4. Бидејќи на банкарите не им текнува, ја повикуваме Владата и Народна Банка на Република Македонија да изнајде законски начин да ги задолжат банките да им помогнат на граѓаните, но и на малите компании кои ќе бидат погодени од корона вирусот;
  5. Бараме извршителите самоиницијативно да ги стопираат сите нивни активности и кои се насочени кон наплата на долгови на граѓаните;
  6. Бареме да се донесе одлука за замрзнување на цените на основните прехрамбени производи во продавниците и замрзнување на цената на медицинските помагала и средства како и средствата за хигиена кои се неопходни за справување на последиците со корона вирусот;
  7. Бараме драстични казни од 3000 евра за оние граѓани и 5.000 евра за правните или деловни субјекти кои демонстрираат антисоцијално однесување, прекршувајќи ги превентивните мерки и препораки;
  8. Ја поддржуваме одлуката за мобилизиција на целиот медицински персонал, не само во јавните, туку и во приватните установи, како и голема благодарност до сите оние приватни болници кои самоиницијативно ги ставиле на располагање сопствените капацитети.
24 Инфо А1 он Макфакс Нетпес Точка Радар Тајм Грид Вести