Билјана Џинго: Коалицијата Никогаш северна - само Македонија е последната надеж, ова се носителите на листите


12.03.2020 | 22:14:14 | Избори


Билјана Џинго: Коалицијата Никогаш северна - само Македонија  е последната надеж, ова се носителите на листите
Изјава, Коалиција „Никогаш северна - само Македонија“. Билјана Џинго, членка на Ивзршниот комитет на Единствена Македонија Скопје, четврток, 12 март 2020

Претставници на Коалицијата Никогаш северна - само Македонија, вечерва, чеврток, 12.03. 2020 во 23:55 часот ги поднесоа листите на кандидати за пратеници во Државната изборна комисија.

Во изјава за медиумите Билјана Џинго истакна:

-„Коалицијата Никогаш северна – само Македонија ќе има листи за пратеници во сите седум изборни единици, а носители ќе бидат: Во правата изборна единица носител ќе биде Билјана Џинго од Извршниот комитет на Единствена Македонија, во втората претседателот на ФРОДЕМ, универзитетскиот професор Јове Кекеновски, во третата членот на Извршниот комитет на Единствена Македонија, универзитетскиот професор Вангел Симев, во четворката листата ја предводи претседателот на Единствена Македонија, универзитетскиот професор Јанко Бачев, во петата генералниот секретар на Единствена Македонија Ацо Николовски доипломиран машински инженер, во шестата носител ќе биде Љупчо Столевски претседател на Општинскиот комитет на Единствена Македонија Тетово и во седмата изборна единица каде гласаат нашинците во странство носител ќе биде Живко Атанасов, координатор на Задграничните комитети на Единствена Македонија за Европа и претседател на Здруженијата на македонските друштва во Швајцарија.

Ние сме силно уверени дека Коалициија „Никогаш северна - само Македонија„ на 12 април ќе постигне голем успек од кој силно ќе бидат изненадени нашите противници. Коалицијата „Никогаш северна - само Македонија„ е последната надеж за македонскиот народ и македонската држава. Прва задача на пратенците од Коалицијата „Никогаш северна - само Македонија ќе биде поништување на антимакедонските договори во Собранието со кои се бришат името, идентитетот, историјата и традицијата на македонскиот народ“ - потенцираше Билјана Џинго.

Центар за комуникации на Единствена Македонија Скопје, чеврток, 12 март 2020

А1 он

Скопје 1

Македонски весник Тетово инфо

">Канал Јутуб 

Тајм

Грид