Бачев: Бранителите беа праќани во заседа и мораа да загинат, за Вејце е инволвиран и Талат Џафери


28.04.2021 | 16:08:19 | Прес Конференции


Бачев: Бранителите беа праќани во заседа и мораа да загинат, за Вејце е инволвиран и Талат Џафери

Изјава, Единствена Макеоднија
проф.д-р Јанко Бачев, претседател на Единствена Македонија
Вејце, среда, 28. 04.2021 година

Делегација на Единствена Македонија во состав Јанко Бачев претседател на партијата, Ацо Николовски генерален секретар и Љупчо Столевски претседател на Општинскиот комитет на Единствена Македонија Тетово, денеска, 28 април 2021 положи цвеќе во чест на осумте загинати македонски бранители кај Вејце.

Во изјава за медиумите претседателот Бачев рече:

-„Денеска дојдовме тука да одадеме почит и да го одржуваме жив споменот на паднатите македонските бранители кои пред дваесет години, на денешен ден беа ѕверски убиени во еден од најкрвавите и најбрутални масакри во поновата македонска историја.  Осум македонски бранители на ова место го положија животот во одбраната на територијалниот интегритет и суверенитет на државата.

Речиси како на филмско сценарио се одвиваат убиствата во тоа време во 2001 година, бидејќи од загинатите околу 80 македонски бранители, речиси на прсти можат да се избројат тие што загинаа во директна борба со албанските терористи и речиси сите загинаа во заседа.

Интересно е што во македонското министерство за внатрешни работи има документ од кој што може да се види кој се нарачателите и извршителите, таа терористичко-диверзантска група како е обучувана на Косово и е пратена тука да го изврши масакрот.

Дури, и за собранискиот спикер Талат Џафери фатени се негови сигнали од касарната во Тетово како го прикажува движењето на групата.

Затоа, ова мора да се расветли и новата народна власт ќе мора да ја расветли контроверзната смрт на македонските бранители во 2001 година. Дотолку повеќе што, за сите нас како  Македонци, а посебно за роднините, семејствата и пријателите на загинатите многу повеќе ги боли тоа што не ја знаат вистината од погибијата на своите најмили.

Ние мора да ја расветлиме контроверзната смрт на македонските бранители, бидејќи, не можеме да гледаме напред ако минатото не прогонува, ако не прогонува контроверзната смрт на македонските бранители.

Македонските херои никогаш не умираат - истакна Бачев.

Центар за комуникации на Единствена Македонија
Вејце, среда, 28 април 2021 година

Скопје 1

Новости

Македонски весник

Грид

Тајм

Јутуб Канал