Божиновски: Вирусот е длабоко навлезен во Методологијата за фалсификување на пописот, мора да го искорениме


27.04.2021 | 13:26:46 | Прес Конференции


Божиновски: Вирусот е длабоко навлезен во Методологијата за фалсификување на пописот, мора да го искорениме

Прес конференција, Национален Блок „Не отворам врата“
Вангел Божиновски, претседател на Здружението „Македонска Преродба“
Скопје, вторник, 27 април 2021

Почитувани,

По одложувањето на пописот изразивме задоволство за разбирањето на надлежните околу сериозноста опасност од „спроведувње“ на попис во средиштето на најголемото загадување на животната средина познато во светски рамки.

Потсетуваме дека нашето природно и разбирливо неопходно здружување како македонски организации беше предизвикано поради сомнителните подготовки за реализација на исклучително важниот процес - попис, и објавено на нашата прва пре конференција со следните намери:

  1. Одложување на пописот поради немање минимум услови ( ова се пролонгира и беше разбрано од власта), но, ние остануваме скептични околу датумот, бидејки, цитирам: бараме одложување до прогласување на престанок на епидемијата со Проглас од СЗО.
  2. Сметаме дека документите кои беа објавени, особено методологијата за “спроведување“ на пописот не гарантира успешен попис и затоа ова обраќање се фокусира на методологијата, бидејќи досега не забележавме никакви промени поврзани со нашите укажувања и имаме нов датум без одговор на множеството забелешки и кривични пријави не само од страна на нашето здружување „Не отворам врата“.

Документот за кој ја свикавме оваа прес конференција е издаден во февруари 2021 и според него пописот требаше да се спроведе на 5 април?

Иако Заводот за статистика немаше сеуште ангажирно потребен и доволем број попишувачи, власта инсистираше и беше убедена дека „попис мора да има во април“!? Оваа анегдота ја споменуваме не поради некоја голема важност од историски аспект, туку целејќи кон еден друг аспект кој се пренебрегнува кога станува збор за бројката од 38.000 попишувачи кои се клучен и најважен елемент на овој и ваков попис.

Имено, Методологијата се состои од 43 страници А4 формат кои треба да ги простудираат и да ги „положат“ 38.000 граѓани - попишувачи за да можеме да имаме минимум сигурност дека ќе добиеме реални резултати од теренот. Ако ја пренесеме инерцијата од штотуку изминатитот февруарскит поход за пописот да се реализира на 5 април, а инерцијата е сериозна сила која тешко се видоизменува, треба да очекуваме дека до датумот на новозакажаниот попис или ќе нема потребен број попишувачи или ќе истрчаат на терен неподготвени.

Молиме одговор на ова прашање и потсетуваме дек просечен минимум за подготовка на ваква работа е најмаку една година.

Следен недостаток кој може серизно да влијае на вистинитоста на пописот...!

Ова, сегашната методологија го крие, но, од добро известени извори од надвор дознаваме дека инерцијата на овие сериозни статистички рекогносцирања има навика попишувачите да бидат партиски кадри, кои, се разбира, ќе заслужат надомест за исполнетите задачи.

Си дозволуваме слобода да претпоставиме дека е голема веројатноста партиските кадри да не мораат ни да го прочитаат документот, бидејќи имаат своја методологија која никогаш нема да биде објавена, и се разбира, секоја партија на свој начин третира своја методологија. Да не заборавиме дека на крајот на ноќта, 38-те илјади попишувачи кои штотуку така да се изразам го „положиле“ испитот ќе треба да влезат во практична примена на документ од исклучително сериозно значење за иднината!

Ова треба да се разгледува внимателно и во повеќе наврати.

Овде е точно време да потсетиме што Државниот завод за статистика напишал како дефиниција на пописот, цитирам:  Активност од посебен државен интерес...поради својата сериозност и обемност бара: исклучително, внимателно планирање, подготовка, тестирање, анализирање и документирање на секоја фаза... бидејќи власта ќе носи одлуки според пописот... науката, струката и секое планирање ќе се темели на пописот...пописот значи континуитет и споредба со минатото...пописот значи прецизно евидентирање на историското наследство... Богами сериозно замислено!

Но, дали овој документ кога ќе се прочита до крај може да ја исполни проектанската задача и дали со овој документ можеме да сме спокојни дека пред нас навистина е добро испланирана акција која ќе го донесе бараниот резултат!

Првиот сомнеж е веднаш на почетокот: Во делот римско 2 насловен „општ дел“ пишува, цитирам:  “Во Република Северна Македонија по Втората светска војна има спореведно 8 пописи!!? 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002!?“

Почитувани,

Во науката (и статистиката е наука) тоа се вика фалсификат.

РСМ - Република Северна Македонија никогаш не спровела попис во Македонија. Бараме оваа лажна вест да се коригира. Но, да помогнеме на Државниот завод за статистика иако сметаме дека за ваков сериозен проект е потребно да се изработи модел пред да се напише методологија.

Нудиме возможно, но многу реално сценарио за модел, врз основа на пописите кои ги направила власта досега (внимание: сите пописи од осамостојувањето ги спроведуваше СДСМ, интересно и го нотираме)

Сценарио, според Методологијата што ја предлага власта:

*се формираат пописни комисии по општините,градовите селата,угарите и тн....и сите се партиски

* се назначуваат инструктори, заменици  по општини, реони и тн, и сите се партиски

* и попишувачи според јазично подрачје и исто така се партиски

+ но и паралелни пописни комисии кога и каде што треба, се разбира партиски секако.

И започнува најважниот процес во историјата на северна....партиските попишувачи се среќаваат со семејства кои не се сигурни колку деца имаат, со лични карти на граѓани родени во ист ден машко и женско од исти родители а не се близнаци и моментално не се тука, се наоѓаат во 4 собни станови во зграда која воопшто нема 4 собни станови, а сопственикот има имотен лист за 4 собен стан, се среќаваат со шупи во кои живеат 20 семејства, но, моментално не се тука “еве ти лични карти“, се среќаваат со граѓани кои се граѓани и на други места но секаде им е вообичаено место на  живеење, се среќаваат со закани и нормално пиши како што ти велам и така е на лап-топ и има кој да му ја мисли, за да биде поефикасно по планинските села, секогаш има некој кој ги знае сите и ќе ја заврши работата брзо (така ќе се фати рокот од 20 дена), а тие што веќе имале искуство знаат дека ни тој нема да губи време туку сам ќе напише за сите како што треба, кога некои попишувачи ќе бидат со задача да направат попис на парцели и друг вид територијален посед на крај ќе излезе дека поседот што го попишале е поголем од површината на селскиот атар. Веројатно (така било досега) во пописот ќе се појават и непостоечки објекти  ,,,,Но (ова е добро направено)

Има закон за се.’ Во законот за попис од пред само 4 месеци, значи угул нов... и еве го решението: членот 17 став 3 и 4 ги решава сите проблеми постоечки да се, непостоечки да не се:

Вака вели зкаонот: На крај и после се, ќе седнат ДУИ и СДСМ и ќе се договорат затоа што законот прецизно заповеда и ако еден од двајцата заменикот од ДУИ и директорот од СДСМ не е задоволен, пописот нема да важи!!!???

Како што гледате вирусот е длабоко навлезен, да се надеваме дека со овој и ваков наш напор ќе го искорениме.

Благодарам,

Центар за комуникации на Националниот Блок „Не отворам врата“
Скопје, вторник, 27 април 2021

Скопје 1

Новости

Грид