Бачев: Радувај се Македонијо - опозицијата се сплотува, заедно на иста страна со ВМРО-ДПМНЕ за пописот


04.04.2021 | 12:36:04 | Пописи


Бачев: Радувај се Македонијо - опозицијата се сплотува, заедно на иста страна со ВМРО-ДПМНЕ за пописот

Прес конференција, Национален Блок „Не отворам врата“ проф. д-р Јанко Бачев, претседател на Единствена Македонија Скопје, недела, 4 април 2021 година

На прес конференцијата, во име на Националниот Блок „Не отворам врата“ Јанко Бачев рече:

Националниот Блок „Не отворам врата“ во кој членуваат 20 организации - партијата Единствена Македонија и 19 граѓански здруженија, на синоќешната седница во полн состав ја разгледа информацијата за разговорите на вчерашаната средба на трочлена делегацијата на Националниот Блок „Не отворам врата“ со претседателот и генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и Ѓорѓија Сајкоски.

На денешната прес конференција ја информираме јавноста дека Националниот Блок „Не отворам врата“ ги прифаќа определбите на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ искажани на средбата во однос на пописот, што подразбира попис според стандарди на Евростат и документите на Обединетите нации од оваа област.

Во спротивно, ВМРО-ДПМНЕ и Националниот Блок „Не отворам врата“ нема да ги подржат резултатите од пописот и новата народна власт која доаѓа ќе направи реален и вистински, а не лажен и фалсификаторски попис.

Со други зборови кажано, спроведување на попис како статистичка операција во која реално ќе се преброиме, а не фалсификуван и живото-загрозувачки попис.

Практично, после вчерашната средба, Националниот Блок „Не отворам врата“ и ВМРО-ДПМНЕ се на иста страна за пописот.

Радува фактот што првата фаза од битка за пописот е успешна. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ успеа на средбата со Заев да го одложи пописот. Важно е ова, бидејќи, да потсетам, Зоран Заев целосно го изгуби компасот и до последен момент туркаше фалсификуван попис со кој Македонија дефинитивно ќе го изгуби темелот на државноста и живото - загрозувачки попис во услови на пандемија кога бројот на заразени расте, а расте и бројот на починати лица.

Националниот Блок „Не отворам врата„ без оглед на заканите од власта со затворски и парични казни, од формирањето на 21 февруари има секојдневни активности (средби со граѓани, пресови, соопштенија, иницијативи), во рамките на нашата кампања за одложување на пописот.

Колку за илутрација, да спомнам дека Националниот Блок „Не отворам врата“ поднесе во Собранието Закон за престанување на важењето на Законот за попис со целосен законски текст, Иницијатива до Уставниот суд за поништување на одредби од Законот за попис кој не се во согласност со Уставот, Иницијатива во владата за одговорност, односно, секој член на владата да потпише изјава за одговорност ако било кој биде заразен од попишувачите, лично да сносат морална, материјална и кривична одговорност.

Исто така да спомнам дека Националниот Блок „Не отворам врата“ е оригиналот. Дополнително имаше копирање на нашите иницијативи од други помали партии и здруженија, но, сето тоа е небитно. Важно, сите заедно со народот успеавме во првата фаза за одложување на пописот.

Првата фаза од битката е добиена. Пописот е одложен. Битката за попис како статистичка операција и во околности кои нема да го загрозат животот и здравјето на народот, продолжува.

Но, сега, заедно стоиме со најголемата партија ВМРО-ДПМНЕ на страната на народот. Продолжуваме заедно со битката да создадеме услови за статистички попис во кој населението реално ќе се преброи. Го слушаме гласот на народот за сплотеност и обединување за националните и државните интереси од највисоко државно значење.

Центар за комуникации на Национален Блок „Не отворам врата“
Скопје, недела, 4 април 2021

Медиуми:

МТВ (после 8м. и 5с.)

Скопје 1

Новости

Нетпрес

Курир

Лидер

Тајм

Вести

Грид

">Канал

">Јутуб