Бачев: Христијан, Националниот Блок „Не отворам врата“ те подржува во Битката за Македонија


28.03.2021 | 15:21:45 | Пописи


Бачев: Христијан, Националниот Блок „Не отворам врата“ те подржува во Битката за Македонија

Изјава, Национален Блок „Не отворам врата“ проф. д-р Јанко Бачев, претседател на Единствена Македонија како дел од Националниот Блок „Не отворам варата“ Скопје, недела, 28 март 2021

Националниот Блок „Не отворам врата“ денес, недела, 28.03.2021 одржа прес конференција пред Клубот на пратеници по повод утрешната средба меѓу Христијан Мицкоски и Зоран Заев.

Во изјава за медиумите Јанко Бачев во име на Националниот Блок „Не отворам врата“ рече:

Почитувани,

Не случајно денешната прес конференција е пред Клубот на пратеници. На ова место, утре ќе се одржи важна и значајна средба меѓу Зоран Заев и Христијан Мицкоски. Меѓу другото, тема на разговорот ќе биде и пописот, а токму пописот е причината зошто е формиран Националниот Блок „Не отворам врата“ од дваесет субјекти, партијата Единствена Македонија и 19 граѓански здруженија.

Ние денеска дојдовме тука еден ден порано оти состојбата во државата е не само тешка туку е алармантна! Не можеме и не смееме да и дозволиме на марионетската власт да спроведе фалсификуван и живото-загрозувачки попис.

Поради алармантната здравствена состојба во земјата е неопходна конкретна и безусловна акција. Ние денеска му даваме целосна подршка на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, кој, јасно порача дека пописот мора да се одложи.

Доколку Зоран Заев опстане на лудата идеја за попис по секоја цена и да го жртвува народот, го охрабруваме Мицкоски да издржи на определбата дека нема отворање врата за пописот во услови на тешка здравствена криза.

Сакаме да го охрабриме Христија Мицкоски да издржи на сите внатрешни и надворешни притисоци, дотолку повеќе, според нашите сознанија на тет-а-тет средбата ќе има онлајн присуство најмалку уште на едно лице.

Христијан, сакаме да знаеш дека заедно сме во битката против фалсификување на пописот со кој Македонија дефинитивно го губи темелот на државата, заедно сме во борбата против попис во оваа алармантна ситуација кога пандемијата коси се пред себе, бројот на заразени расте, а расте и бројот на починати лица.

Заедно сме во оваа битка, рамо до рамо.. Заедно стоиме на страната на народот.

Заедно обединети и сплотени да го израдуваме народот со успехот и победата во нашата битка против фалсификуваниот и живото-загрозувачки попис.

Ние може да имаме милион причини, наметнати, политички и економски, реални и ирационалн за делби и меѓусебни расправии. Една единствена мисла е заедничка за сите нас - грижата за својот народ и љубовта кон нашата Македонија.

Кога тоа ќе го разбереме, нема сила што може да не спречи да ги отвориме вратите за решавање на сите наши сегашни проблеми и да отвораме простор за иднината на нашиот народ, на нашата единствена таковина, Република Македонија.

Центар за комуникации на Националниот Блок „Не отворам врата“
Скопје, недела, 28 март 2021

Скопје 1

Новости

Грид

">Канал

">Јутуб