(ВИДЕО) Национален Блок „Не отворам врата“: Секој член на владата да потпише изјава за одговорност доколку било кој биде заразен од попишувачите


04.03.2021 | 11:02:19 | Пописи


(ВИДЕО) Национален Блок „Не отворам врата“: Секој член на владата да потпише изјава за одговорност доколку било кој биде заразен од попишувачите

Изјава, Национален Блок „Не отворам врата“
проф. д-р Јанко Бачев, претседател на Единствена Македонија
Скопје, четврток, 4 март 2021

Националниот Блок „Не отворам врата“ денес, 04.03.2021 (четврток) во владата поднесе Изјава за одговорност на Зоран Заев и сите министри со која се обврзуваат под морална, материјална и кривична одговорност дека ангажираните околу 30.000 попишувачи и инструктори нема никого да заразат при нивното влегување во домовите на населението а во спротивно ќе сносат полна одговорност.

Претседателот на Единствена Македонија Јанко Бачев како дел од Националниот Блок „Не отворам врата“ истакна:

Почитувани,

Националниот Блок „Не отворам врата“ денес достави Изјава за одговорност на сите членови на владата доколку спроведе попис во април, со цел, доколку 32.000 теренски попишувачи и инструктори кои ќе вршат попишување во 80 општини во државата групирани во 50 пописни реони заразат било кого, тогаш членовите на владата лично да сносат морална, материјална и кривична одговорност.

Ова е текстот на изјават цитирам: „Долупотпишаните членови на Владата, под морална, материјална и кривична одговорност изјавуваме дека 32.000 теренски попишувачи и инструктори кои ќе вршат попишување во 80 општини во државата групирани во 50 пописни реони, за време на пописот нема да заразат никого со коронавирусот при нивното влегување во домовите таму каде што ќе бидат пуштени да влезат и да вршат попишување на населението, становите и домаќинствата -завршен цитат“.

Ова е уште чекор во насока власта да се вразуми и да го одложи живото-загрозувачкиот попис во април. Во земјата владее тешка здравствена состојба. Кризата со коронавирусот се шири со нови заболени, но и смртни случаи. Сега е најважно здравјето. Здравјето на народот не трпи политички калкулации. Одложување на пописот е единствен начин да го заштитиме народот.

Впрочем, уставна обврска на секој граѓанин е да се грижи за сопственото и здравјето на другите. Во оваа насока, на 11 март 2020 година, Светската здравствена организација прогласи глобална пандемија на болеста КОВИД - 19 предизвикана од новиот коронавирус САРС-КоВ-2, а кое нешто Република Македонија како членка на СЗО е во обврска да го почитува. Во Македонија е прогласена кризна состојба заради заштита на јавното здравје, односно, справување со кризна состојба која претставува ризик по здравјето и животите на луѓето. Оттука, во услови на пандемија, посетата на т.н. попишувачи кои посетуваат бројни домови од својот пописен реон кој опфаќа повеќе општини е директна закана по здравјето земајќи предвид дека општо познато е како се пренесува вирусот.

Ние, националните и патриотските сили во државата нема да прифатиме попис со кој се загрозува здравјето на народот, тоа не ви го прифаќа и македонскиот народ. За секој обид за загрозување на здравјето, одговорност мора да има. Потребен е попис со нула ризик за здравјето на народот“- потенцираше Бачев.

Бачев одговараше и на интересни новинарски прашања на пресот

Центар за комуникации на Националниот Блок „Не отворам врата“ Скопје, четврток, 4 март 2021

Медиуми:

МИА

Скопје 1

Макфакс

Скопско ехо

Слободен печат

Инфо

Агенција Анадолија

ТВ Алсат

Инсајдер

Тајм

Грид

Вести

Дејли   

Интегрален текст од поднесокот до владата

ДО ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА НА ВЛАДАТА              

     СКОПЈЕ

Националниот Блок „Не отворам врата“ Ви поднесува на потпишување Изјава за одговорност со која претседателот и членовите на владата ќе се обврзат под морална, материјална и кривична одговорност дека ангажираните 32.000 теренски попишувачи и инструктори за пописот нема никого да заразат со коронавирусот при нивното влегување во домовите таму каде што ќе бидат пуштени да влезат и да вршат попишување на населението, становите и домаќинствата.

Согласно Законот за влада и Деловникот за работа на владата, изјавата да биде доставена до сите членови на владата.

Оперативно тело на Националниот Блок „Не отворам врата“

 Вангел Божиновски        _____________________________ 

Марјан Камиловски         _____________________________

Ацо Николовски               _____________________________

 Гоце Гугуловски               _____________________________

 

ИЗЈАВА

Долупотпишаните членови на Владата, под морална, материјална и кривична одговорност изјавуваме дека 32.000 теренски попишувачи и инструктори кои ќе вршат попишување во 80 општини во државата групирани во 50 пописни реони, за време на пописот нема да заразат никого со коронавирусот при нивното влегување во домовите таму каде што ќе бидат пуштени да влезат и да вршат попишување на населението, становите и домаќинствата.

          

Изјавата ја даваат:

Зоран Заев - Претседател на Владата      
Артан Груби - прв Заменик на Претседателот и министер за политички систем и односи меѓу заедниците                       
Љупчо Николовски - Заменик на Претседателот за борба против корупцијата и криминал, одржлив развој и човечки ресурси               
Фатмир Битиќи - Заменик на Претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции                  
Никола Димитров - Заменик на Претседателот за европски прашања                       
Бујар Османи - министер за надворешни работи                      
Радмила Шекеринска - министерка за одбрана                        
Оливер Спасовски - министер за внатрешни работи                            
Бојан Маричиќ - министер за правда                  
Фатмир Бесими - министер за финансии                        
Крешник Бектеши - министер за економија                               
Арјанит Хоџа - министер за земјоделство, шумарство и водостопанство                   
Венко Филипче - министер за здравство                         
Мила Царовска - министерка за образование и наука                         
Јагода Шахпаска - министерка за труд и социјална политика                          
Горан Милевски - министер за локална самоуправа                             
Ирена Стефоска - министерка за култура                        
Благој Бочварски - министер за транспорт и врски                    
Насер Нуредини - министер за животна средина и просторно планирање                
Јетон Шаќири - министер за информатичко општество и администрација

О б р а з л о ж е н и е

Владата, спротивно на стремежите на народот, меѓудругото да не прифаќа и живото - загрозувачки попис во услови на КОВИД-19, по секоја цена сака да спроведе попис во април за време на здравствена криза која може да резултира со катастрофални последици. Затоа, потребно е секој да преземе лична одговорност во ова тешко време со здравствената криза.

Водејќи се од овој факт, Националниот Блок „Не отворам врата“ доставува изјава за одговорност на сите членови на владата доколку спроведе попис во април, со цел, доколку 32.000 теренски попишувачи и инструктори кои ќе вршат попишување во 80 општини во државата групирани во 50 пописни реони заразат било кого, тогаш членовите на владата лично да сносат морална, материјална и кривична одговорност.

Ова е уште чекор во насока власта да се вразуми и да го одложи живото-загрозувачкиот попис во април. Во земјата владее тешка здравствена состојба. Кризата со коронавирусот се шири со нови заболени, но и смртни случаи. Сега е најважно здравјето. Здравјето на народот не трпи политички калкулации. Одложување на пописот е единствен начин да го заштитиме народот.

Впрочем, уставна обврска на секој граѓанин е да се грижи за сопственото и здравјето на другите. Во оваа насока, на 11 март 2020 година, Светската здравствена организација прогласи глобална пандемија на болеста КОВИД - 19 предизвикана од новиот коронавирус САРС-КоВ-2, а кое нешто Република Македонија како членка на СЗО е во обврска да го почитува. Во Македонија е прогласена кризна состојба заради заштита на јавното здравје, односно, справување со кризна состојба која претставува ризик по здравјето и животите на луѓето. Оттука, во услови на пандемија, посетата на т.н. попишувачи кои посетуваат бројни домови од својот пописен реон кој опфаќа повеќе општини е директна закана по здравјето земајќи предвид дека општо познато е како се пренесува вирусот.

Ние, националните и патриотските сили во државата нема да прифатиме попис со кој се загрозува здравјето на народот, тоа не ви го прифаќа и македонскиот народ. За секој обид за загрозување на здравјето, одговорност мора да има. Потребен е попис со нула ризик за здравјето на народот.

Центар за комуникации на Националниот Блок „Не отворам врата“
Скопје, четврток, 04 март 2021 година