Јакимовски: Да се дозволи секој да ги објави своите „бомби„ и ајде сите на избори


14.02.2020 | 13:11:33 | Прес Конференции


Јакимовски: Да се дозволи секој да ги објави своите „бомби„ и ајде сите на избори
Прес конференција, Единствена Македонија Кристијан Јакимовски, Центар за комуникации на Единствена Македонија Скопје, петок, 14 февруари 2020 Почитувани, Република Македонија повторно е заглавена во криза од СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, овојпат во врска со Законот за јавното обвинителство. Несогласувањето меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ се сведува на тоа дали т.н. бомби, односно, прислушкуваните разговори и понатаму да бидат докази во кривичните постапки како што бара ВМРО-ДПМНЕ, или да бидат само индиции како што бара СДСМ. Решение за ова, нема на повидок. Но, оваа кавга околу обвинителскиот закон е отидена дотаму што се заканува да ги одложи веќе договорените предвремени избори. Единствена Македонија како партија која прва побара предвремени избори, не може да стои настрана од ова криза и затоа преземаме една поактивна улога на овој план. Имено, државата е преплавена со т.н. бомби од прислушувани разговори кои ги поседуваат државни органи и приватни лица.  Не постои разлика меѓу бомбите што своевремено ги објавуваше Заев и тие сегашните на разноразни лица. Со „бомбите„ на Заев се открива криминал на власта на ВМРО-ДПМНЕ а со сегашните бомби се открива криминал на СДСМ и ДУИ. Никој не ја негира вистиноста на „бомбите„ и овие нови „бомби„ можат повторно да ја втурнат земјата во политичка и безбедносна криза. Единствена Македонија како одговорна партија која во основа се бори за националните и државните интереси, предлага пратениците да донесат преодно законско решение со кое се дава можност на секој кој поседува „бомби„ од јавен интерес да ги објави. Така, се дава можност во еден законски определен рок, СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, условно кажано да ги испукаат сите свои бомби од јавен интерес и кои би биле доказ во судот иако се незаконски прибавени, и со тоа да се стави крај на оваа криза. Само така Македонија би избегнала повторно да биде втурната во опасна авантура на уцени и закани со прислушувани разговори кои ја загрозуваат нејзината стабилност и безбедност. Прифатете го овој корисен предлог на Единствена Македонија, и ајде сите на избори. Ви благодарам Центар за комуникации на Единствена Македонија Скопје, петок, 14 февруари 2020 Македонски весник Макпрес