Новогодишно обраќање на Бачев: Ова не е битка на Јанко, јас сум небитен, ова е битка на народот, битка за Македонија


31.12.2019 | 13:08:58 | Прес Конференции


Новогодишно обраќање на Бачев: Ова не е битка на Јанко, јас сум небитен, ова е битка на народот, битка за Македонија
Новогодишно обраќање, Единствена Македонија д-р Јанко Бачев, претседател на Единствена Македонија Скопје, вторник, 31 декември 2019

Почитувани браќа Македонци и сестри Македонки Почитувани државјани на Република Македонија

2019 година е веќе зад нас, пред нас е новата 2020 година. Секој од нас си има свое видување за годината што измина и свои цели, желби и соништа за годината пред нас. И на секој од нас многу фактори му влијаеле на индивидуален план годината да му биде подобра или полоша.

Другата страна се случувањата во државата кои директно или индиректно влијаат на нашите животи.

На државен план, ќе се согласиме дека годината зад нас ја одбележаа настани кои и понатаму го доведуваат во прашање опстанокот на македонскиот народ и македонската држава.

https://www.youtube.com/watch?time_continue=1&v=Ttsk6KjYSGU&feature=emb_logo

Слушаме од власта и нејзините медиуми дека бришењето на Македонците од светската мапа на нации е завршена работа.

Ова заборавете го. Ништо не е готово, потребно е само после следните избори да дојде нова народна власт со определба за поништување на антимакедонските договори како спротивни на домашното и меѓународното право.

Новата легална власт на Единствена Македонија која доаѓа, овој процес на поништување на антимакедонските договори го започнува веднаш, храбро, решително и во интерес на народот.

Битката за Македонија ја продолжуваме и во новата 2020 до конечна победа, давајќи го максимумот за унитарна, подобра и поуспешна Македонија со своето вековно име - РМ.

Сега е најбитно да си ја вратиме држават назад во наши раце. После, на економски план е лесно, економската наука се погрижила да ги открие механизмите за развој и благосостојба на еден народ, треба само чесни и честити луѓе во интерес на народот и со желба и љубов да му служат на сопствениот народ

Единствена Македонија изразува големо задоволство што после две години од промовирањето на нашиот стратешки пресврт во македонската политка дека има алтернатива на НАТО и ЕУ, пред некој ден дојде потврдата: во најновата анкета дури една четвртина или 21, 8 отсто од народот се изјасни дека алтернативата е во членство во Евроазиската економска унија.

Ова е голема победа на политиките на Единствена Македонија, а голем пораз на политиките на власта која го лаже народот дека нема алтернатива на НАТО и ЕУ и нивниот геноциден проект за бришење на Македонците.

Колку и да е силна специјалната војна против Единствена Македонија што ја водат СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ заедно со високи претставници од ЕУ, НАТО и САД, колку и да е голем растежот на Единствена Македонија, ние мора да ја одбраниме Македонија имајќи ја предвид простата вистина - доколку се растури државата сите ќе не затрупа во неа. Што ќе ни е партијата ако ја изгубиме државата!?

Единствена Македонија останува на првата линија во одбрана на националните и државните интереси. И во годината што измина преземавме активна улога која ја заокружуваме со нашата Платформа насловена како „Битка за Република Македонија“. Платформата во 100.000 примероци се дели низ Македонија. Досега се поделени 60.000 примероци. Во Платформата се дадени 10 стратешки определби за кои се заветивме пред Природата, Господ, Македонскиот народ и државјаните на Македонија дека нема да отстапиме од нивното исполнување оти овие определби се всушност планот и визијата за опстанок на Македонија и Македонците.

Почитувани,

Цел свет гледа дека ние Македонците сме соочени со историски момент и решени сме цврсто да го спречиме геноцидот врз мојот македонски народ.

Давам збор, ветувам дека нема да ја предадеме Македонија, нашата земја, нашата татковина.  Нашата партија Единствена Македонија никогаш нема да ја предаде крвта на илјадници Македонци и Македонки кои ја пролеаа за нашата горда Македонија. Никогаш нема да го предадеме името, идентитетот, историјата и традицијата на македонскиот народ. Кажувам директно и јасно - ние во Единствена Македонија сме во политиката да ги одбраниме македонските интереси. Македонија е нашиот дом, онака како што се бориме за нашите домови се бориме и за Македонија. Ова не е битка за власт, ова не е битка за Јанко Бачев, јас сум небитен, ова не е битка на индивидуалци и лидери. Тоа е минлива категорија, ова е битка за опстанок на цел еден народ, ова е битка за Македонија. Битка која само заедно можеме да ја победиме. Да ги збиеме редовите. Рамо до рамо, срце до срце, рака за рака. Сплотени и единствени како Македоци ништо не ни можат. Сите заедно, старо, младо, машко и женско на нозе се креваме. Нашата борба е исправна. Ние се бориме да останеме свои на своето, нашата борба е света должност и затоа Македонија ќе победи.

На крајот Ви посакувам Среќна нова 2020 година со многу желби за многу среќа и добро здравје.

Скопје 1 ">Јутуб канал