„Македонија-Блокира: Повик за неизлегување на претседателските избори


04.04.2019 | 18:10:40 | Прес Конференции


„Македонија-Блокира: Повик за неизлегување на претседателските избори

Изјава, „Македонија-Блокира„ д-р Јанко Бачев претседател на Единствена Македонија, Ристо Мијаковски претседател на Преродба, Марјан Камиловски претседател на Македонското конзервативно движење Скопје, четврток, 4 април 2019

„Македонија-Блокира„ денес го изнесе ставот за претстојните претседателски избори. Во име на „Македонија-Блокира„ причините за бојкот во изјава за медимуите ги дадоа Ристо Мијаковски, Марјан Камиловски и Јанко Бачев.

Претседателот на Единствена Македонија Јанко Бачев рече: -„Како што е познато „Македонија-Блокира„ месеци наназад протестираше против уставните измени и бришењето на се што е македонско, меѓутоа, како што гледаме марионетската власт продолжува со своите погубни политики. Веднаш да кажам дека „Македонија-Блокира„ во која членуваат организации од земјата и дијаспората одлучивме да го повикаме македонскиот народ и сите лојални граѓани да не излегуваат на изборите, бидејќи сметаме дека е подобро да се бојкотираат овие избори, иако сме свесни за двете зла, и да се бојкотираат и да не се бојкотираат изборите. Кога веќе сме доведени во ситуација од две зла, да го избереме помалото зло, да го повикаме народот, нашите следбеници, приврзаници, да не излегуават на овие избори. Она што сакам посебно да го потенцирам, работите во Македонија можат да се донесат на вистинскиот пат само со една стратешка определба, ние да работиме да има нови избори на кои ќе победи нова народна власт која ќе го избрише сето она што го прифати марионетската власт за бришење на името, идентитетот, историјата и традицијата на македонскиот народ. Ова наше повикување на неизлегување е од тактички причини,  а наша стратешка определба е да дојде нова народна власт,  само тогаш може се да се поништи и тогаш Македонија ќе се врати на вистинскиот колосек. Ние веруваме дека бојкотот ќе успее, македонскиотт народ нема да излезе на овие избори, цензус ќе нема доволен, а потоа веруваме ќе настане политичка криза и ќе се распишат нови избори и тогаш останува се на народот. На потег ќе биде народот, доколку смета дека се ова треба да се поништи, да ја даде довербата на нова легална власт која тоа ќе го направи. Ние како „Македонија-Блокира„ наша стратешка определба е да се поништи договорт со Грција за промена на името и Македонија да се врати на изворните принципи на Илинден и АСНОМ“ - истакна Бачев!

Изјавата на Јанко Бачев претседател на Единствена Македонија

Изјавата на Марјан Камиловски претседател на Македонското конзервативно движење

Изјавата на Ристо Мијаковски претседател на Преродба

Центар за комуникации на Единствена Македонија Скопје, четврток, 4 април 2019

Макпрес

Опсервер

Тајм

Вести

Грид

ТВ Аласт - М