Петровски: Ги фативме живи од ДИК како ги уништуваат потписите за мојата претседателска кандидатура


01.03.2019 | 14:59:26 | Прес Конференции


Петровски: Ги фативме живи од ДИК како ги уништуваат потписите за мојата претседателска кандидатура

Прес конференција, „Македонија-Блокира„ д-р Филип Петровски, кандидат за претседател на „Македонија-Блокира„ Скопје, петок, 1 март 2019

Почитувани,

Како што е познато во јавноста пред седум дена, поточно на 23 февруари согласно Изборниот законик започнав постапка за собирање на 10.000 потписи за мојата кандидатура за претседател на Република Македонија.

Во овии седум дена добивавме информации за повеќе манипулации и фалсификати со моите формулари за потписи, што укажува дека некој силен центар свесно прави се, да ја попречи мојата кандидатура за претседател.

На пример,

-Уште на првиот ден во подрачните канцеларии на ДИК масовно се подметнувале формуларите на Гордана Силјановска на избирачи кои сакале да се потпишат за мене;

-После повлекувањето на формуларите на Силјановска применет е добро познатиот метод од едени претходни избори своевидно наречен „Радмила Шеќеринска - Рада Шеќерова“, па така, дополнително е измислен кандидат кој собира потписи со исто презиме како моето;

-Мојата папка со формуларите не стоела на видно место како и другите на бирото во подрачната канцеларија на ДИК туку била во фиоките на подрачните канцеларии на ДИК;

-Добиваме од терен секојдневно крајно нелогични податоци во смисла ќе добеме податок дека мој приврзаник се потпишал за мене како 184 на формуларот а наредниот ден добиваме податок дека во таа општина имаме 131 потпис, вакви нелогични бројки добиваме од многу општини, наместо бројот на нашите потписи од ден на ден да се зголемува, кај моите формулари бројот со секој нареден ден се намалува, нешто што е вон секаква човечка логика.

Почитувани присутни,

За сето погоре наведено имавме изјави од наши приврзаници, меѓутоа, синоќа во подрачната канцеларија на ДИК во Гази Баба луѓе од мојот тим на лице место сето тоа го утврдија.

Значи, стана јасно дека силен центар работи на тоа мојата кандидатура да биде спречена.

Што откривме синоќа:

Службениците на ДИК користеле двоен фалсификуван формулар за собирање потписи за мене на кој не стои мојот потпис како што е доставен во подрачната канцеларија.

Еве го тој формулар на кој како што гледате има потпишани избирачи за мене но доле го нема мојот потпис, и сега е јасно дека штом се исполни страницата со потписи за мене, се искинува и не се евидентира.

Јасно е сега зошто бројот на потписи за мене од ден на ден наместо да се зголемува, се намалува.

Од друга страна, еве како изгледа мојот вистински формулар оставен во подрачната канцеларија на ДИК, доле десно има мој потпис.

Значи имаме писмени докази како се изведува операцијата на уништување на моите потписи со кинење на дупликат листови изготвен од некој центар.

По ова фаќање на службениците на ДИК на лице место, синоќа е повикана и доје полиција и составен е записник.

Втората крупна манипулација за спречување на мојата кандидатура е состојбата со дипломатско-конзуларните претставништва.

Како што кажав погоре, рокот за давање на потписи започна на 23 февруари.

Меѓутоа, до дене денес, повторувам, до овој момент, иако се веќе поминати седум дена во ДКП не ги примаат формуларите од нашите овластени лица за дијаспората со образложение дека ДКП немаат известување од ДИК.

На овој начин е сериозно повредено уставно загарантираното право на секој избирач да го даде својот потпис.

Да потсетам, според Уставот секој може да бира и да биде биран, значи, секој има активно и пасивно избирачко право, а во случајов со тоа што на избирачите во дијаспората не им се дозволува да го дадат својот потпис имаме флагрантно кршење на избирачкото право што е сериозно кривичо дело.

Значи, „НЕКОЈ ЦЕНТАР„ прави се да ја оневозможи мојата кандидатура бидејќи му е јасно дека јас сум кандидатот кој во моментот може да го победи кандидатот на марионетската власт на Заев оти ја имам народната подршка на широка основа, односно, не само од членството на ВМРО-ДПМНЕ туку и од големата коалиција „Македонија-Бликира„ во која членуваат 84 организации - партии и здруженија од земјата и дијаспората.

Водам на сите анкети и практично сум кандидат на македонскиот народ и поголем дел од граѓаните на Република Македонија.

Ви благодарам,

ТВ 24 Македонска телевизија Прес 24 Македонски медиа сервис 365 Грид Вести Дејли Тајм