Петровски: Конвенцијата во Струга беше приватна забава на Мицковски, мојата кандидатура ќе дојде од народот


19.02.2019 | 18:15:13 | Прес Конференции


Петровски: Конвенцијата во Струга беше приватна забава на Мицковски, мојата кандидатура ќе дојде од народот

Прес конференција, „Македонија-Блокира„ д-р Филип Петровски, кандидат за претседател од „Македонија-Блокира„ Скопје, вторник, 19 февруари

Почитувани,

Конвенцијата во Струга за утврдување на кандидат за претседател беше најобична фарса и приватна забава во режија на Христијан Мицковски.

Има повеќе аргуметни дека Конвенцијата во Струга беше режирана со однапред познат исход.

Поточно, во Струга не беше избран кандидат на ВМРО-ДПМНЕ туку кандитат по желба на Христијан Мицковски.

Еве ги фактите:

- И по три дена од Конвенцијата сеуште нема Записник од гласањето што е вообичаена работа при било какви избори;

- На мојот тим не му беше дозволено присуство во салата иако останатите кандидати имаа придружба;

- Во салата имаше многу непознати лица како делегати на Конвенцијата кои беа специјално донесени да ја завршат работата;

- Списокот на делегати со име и презиме и понатаму останува мистерија;

- Членките на комисијата Лилјана Затурова и Светлана Карапетрова во позадина го фотографираа секој гласач што одеше на гласачкото место.

Почитувани присутни,

Сето ова ние однапрд го знаевме. Еве тука луѓето од „Македонија-Блокира„ ми се сведоци дека ние однапред го знаевме исходот на Конвенцијата, и моето пријавување беше единствено водејќи се од националните интереси, односно да покажеме дека сме за единство и сплотеност за да го победиме кандидатот на Зоран Заев и Али Ахмети.

Впрочем, тоа го покажаа и моите посети по општинските комитети на ВМРО-ДПМНЕ каде имаше полни канцеларии од членстото на партијата за разлика од кандидатката на Мицковски која ја немаше меѓу членството.

Ова е веќе историја. Одиме напред!

Најавувам кандидатура за претседател на Република Македонија со подршка од 10.000 избирачи.

Откако на Конвенцијата во Струга ги објавив четирите мои клучни определби за кои ќе се залагам како претседател на Републиката, деновиве имам масовна подршка од македонскиот народ и поголем дел од граѓаните на Република Макеоднија да истраам во оваа битка за Македонија и Македонците.

Да повторам, ова се моите четири клучни определби:

- Поништување на преспанскиот договор;

- Поништување на двојазичноста;

- Република Македонија уредена на илинденските и асномските принципи;

- Предизвикување на вонредни парламентарни избори.

Единствено овие определби можат да го победат кандидатот на марионетската власт на Заев бидејќи овие определби уживаат народна подршка на широка основа како од членството на ВМРО-ДПМНЕ така и од големата коалиција „Македонија-Блокира„ во која членуваат 84 организации - партии и здруженија од земјата и дијаспората.

Практично, јас ќе бидам кандидат на македонскиот народ и поголем дел од граѓаните.

Ви благодарам,

Медиуми: 

Пулс 24

Либертас

ТВ 24 Вести

1 ТВ

ТВ Сител

ТВ Канал 5

Скопје инфо

МТМ

Плусинфо

Прес 24

Фактор

Фокус

Опсервер

И портал

Независен

МК Новости

Весник

МКД

Е магазин

Нова ТВ

Бриф

Радио Слободна Европа

24 Инфо

Тајм

Вести

Дејли

Грид