(ВИДЕО) Заев е уплашен човек штом пушти полиција да го растури кампот на „Македонија-Блокира„


26.12.2018 | 15:19:52 | Прес Конференции


(ВИДЕО) Заев е уплашен човек штом пушти полиција да го растури кампот на „Македонија-Блокира„

Прес конференција, Единствена Македонија д-р Јанко Бачев, претседател на Единствена Македонија Скопје, среда, 26 декември 2018

Почитувани,

Поводот за денешната прес конференција на Единствена Македонија како една од 84 членки во „Македонија-Блокира„ е погазувањето на уставно загарантираното право на протест од страна на марионестката власт во Скопје купена и контролирана од странски центар.

Во понеделникот околу 03:00 часот наутро се случи скандал кога кордон од 42 припадници на полицијата заедно со екипи на комуналното градско претпријатие упаднаа во кампот на „Македонија-Блокира„ пред Собранието на Република Македонија.

Кампот е растурен и шаторите се отстранети иако блокадите се уредно најавени дека ќе траат до седницата на Собранието за гласање на уставните промени.

https://www.facebook.com/EdinstvenaMAKEDONIA/videos/381773245723164/

Ова се веќе знаци на една уплашена власт штом посегнува по насилно спречување на активностите на „Македонија-Блокира“.

Дури, власта се служи и со лаги кажувајќи дека при полициското растурање на кампот било празно иако во кампот беа присутни луѓе од „Македонија-Блокира„ како што впрочем во континуитет секоја вечер до утрото имаше наши активисти кои ноќеваат пред Собранието.

Нервозата и паниката кај ненародната власт е зголемена откога започнавме со блокади и надвор од Скопје, во други градови низ Македонија каде народот се повеќе ја изразува спремноста да ја брани македонската држава и македонскиот народ.

На Зоран Заев устата му е полна со демократија, а омилена фалба му е дека по падот на режимот на Груевски, Македонија била слободна и демократска земја.

Да го потсетам Заев. Од 17 мај 2015 година до месец јули речиси два месеци кампуваше со шатори пред владата и никој не го чепна. Настрана што соросовите платеници во земјата секојдневно го демолираа централното градско подрачје во Скопје и ништо не има фали.

Значи, Заев уривал режим за да воведе хунта, криминал, безаконие, корупција...патем, полицијата изврши класична кражба на маси, столови и дваесетина шатори на „Македонија-Блокира„

Сведоци сме како СДСМ со соопштенија како и контролираните владини медиуми многу милуваат да пишуваат за бројноста и посетеноста на нашите блокади.

Повторно да го потсетам Заев. Кампот на СДСМ кој беше два месеци пред владата во летото 2015, во текот на ноќта го чуваа едвај по петмина, а поголема група луѓе собираа во вечерните часови кога правеа концерти на отворено со познати македонски пејачи.

Или, да се потсетиме на фотографијата која го обиколи светот, според која, на т.н. НАТО-журка на СДСМ во Охрид, Заев постави светски рекорд во посетеност со само еден посетител.

Но, ова е веќе историја.

Бруталната полициска интервенција на растурање на кампот нема да не поколеба, туку не прави уште посилни. Марионетската власт и досега спрема нас водеше политика на заплашување, следење, прислушување, но, срамна епиозда ќе ги удри уште посилно на земја.

„Македонија-Блокира„ продолжува со отпорот до конечната цел - распуштање на Собранието и распишување на избори со еден услов, без Зоран Заев како премиер. 

Продолжуваме и со блокадите низ цела Македонија со цел раздвижување и своевдино загревање на народот пред масовното доаѓање во Скопје во периодот на финалното гласање во Собранието кога ќе биде решена дилемата - или ќе дозволиме марионетската власт да избрише се што е македонско, или, Македонија ќе победи!

Ви благодарам,

Центар за комуникации на Единствена Македонија Скопје, среда, 26 декември 2018

Медиуми:

ТВ Сител

А1 он

Макфакс

Фокус

Макпрес

24 Инфо

Скопје 1 Опсервер

Тајм

Вести

Дејли

Грид