(ВИДЕО) Македонија-Блокира најавува голем протест на 1 декември по кој се останува до распуштање на Собранието и распишување избори


26.11.2018 | 09:32:50 | Прес Конференции


(ВИДЕО) Македонија-Блокира најавува голем протест на 1 декември по кој се останува до распуштање на Собранието и распишување избори

Прес конференција, Драган Угриновски, “Македонија Блокира„ Скопје, недела, 25 ноември 2018

Почитувани,

Како што е познато, на 4-ти ноември, осумдесет и четири организации - политички партии, невладини организации, граѓански иницијативи од земјата и дијаспората потпишаа Повелба за стратешка соработка со која се формира Кризен штаб против промена на Уставот, распуштање на Собранието и распишување на избори, кој настапува под слоганот „Македонија-Блокира„.

Притоа, најавивме дека „Македонија-Блокира„ ќе организира сенародни протести пред Собранието, собири пред домовите на 8-те одметнати и уценети пратениции, блокада на патишта и гранични премини и други форми на отпор под чиј притисок Владата и Зоран Заев ќе бидат принудени да си заминат.

На денешната прес конференција ја информираме јавноста за големиот Сенароден протест во организација на „Македонија Блокира“.

Сенардониот протест ќе се одржи во сабота на 1 декември пред Собранието во 12 часот. Интересно е да спомнеме што истиот ден, 1 декември, во Собранието се одржува седница на која пратениците ќе гласаат за нацрт-уставните амандмани за промена на Уставот.

Значи, во ист ден, во исто време, внатре во Собранието пратениците ќе гласаат за нацрт уставните амандмани,  а надвор пред Собранието ќе биде народот да ја брани македонската држава и македонскиот народ.

„Македонија Блокира“, македонскиот народ и поголем дел од граѓаните на Република Македонија влегуваат во финална битка со марионетската власт во Скопје и нејзините странски ментори кои сакаат со уставните измени да избришат се што е македонско.

Цел свет гледа дека Македонците се цврсто решени по секоја цена да го спречат геноцидот врз македонскиот народ. Соочени сме со историски момент каде е важно како Македонци да останеме свои на своето.

Првата фаза кога настапувавме како „Македонија-Бојкотира„ и во која народот победи на 30 септември со неуспешниот референдум, е веќе зад нас. Сега доаѓа втората фаза - Блокирам. Влегуваме во финална битка за одбрана на македонската држава и македонскиот народ. Последна шанса за нашата генерација!

Затоа, повикуваме и очекуваме масовно присуство на Сенародниот протест пред Собранието без оглед на политичката или било каква припадност. Ова не е битка за поединци, лидери или за власт, се бориме македонците да не бидат избришани од светската мапа на нации, се бориме за опстанок на цел еден народ, нашата борба е света должност и затоа со масовно присуство на протестот Македонија ќе победи. Нашата борба е исправна, и оваа битка ќе ја решиме со излегување на улица и блокади.

Антимакедонските политики го допреа врвот, или ќе дозволиме марионетската власт во Скопје да избрише се што е македонско или Македонија ќе победи за да останеме свои на своето, трето нема. Целта на Сенародниот протест е со еден услов, а тоа е распуштање на Собранието и избори без Зоран Заев како премиер.

Масовно излегување на Семакедонскиот народен протест пред Собранието, ден сабота, 1 декември, во 12 часот, по кој нема враќање дома, остануваме до конечно распуштање на Собранието и распишување на избори.

Ви благодарам,

Медиуми:

А1 он; Макфакс; Вечер прес; Нова МакедонијаФокус; ВесникМТМ; Вечер; МКДСтандард; Точка; За се; Актуелно 24;  Центар; Е-магазин; Прес 24; Макпрес; МИА; Инфомакс; РепубликаЛокалноТВ Сител; ТВ Канал 5; 1ТВ; ТВ Сител; Тајм; Вести; ДејлиГрид