Македонија - Блокира: Канчевска Милевска не се покажа како добра домаќинка, очигледно тргнала по либералните ЕУ и НАТО вредности


16.11.2018 | 22:11:42 | Прес Конференции


Македонија - Блокира: Канчевска Милевска не се покажа како добра домаќинка, очигледно тргнала по либералните ЕУ и НАТО вредности

Кризниот штаб против промена на Уставот, распуштање на Собранието и распишување на избори „Македонија-Блокира“, синоќа во рамките на народниот собир во Скопје пред домот на пратеничката Елизабета Канчевска Милевска требаше лично да и предаде и писмо на Канчевска-Милевска зошто не треба да гласа за уставните промени. На општо изненадување, пред домот на Канчевска - Милевска не пречека кордон од полиција а пратеничката не се појави да го поздрави насобраниот народ што не е во духот на македонската традиција за добро домаќинско однесување со што покажува дека веќе тргнала по патот на либералните ЕУ и НАТО вредности. Дотолку повеќе, при средбите на „Македонија-Блокира„ со останатите пратеници добивавме и покани за разговори со домашна ракија, кафе и благо во нивните домови. Од тие прични „Македонија-Блокира„ синоќа не го предаде лично писмото на Канчевска Милевска зошто не треба да гласа во Собранието, заради што, писмото беше прочитано на народниот собир. „Македонија-Блокира„ и македонскиот народ изразува големо разочарување од однесувањето на Канчевска - Милевска која покажува дека е личност со изгубено национално чувство.

Медиуми:

А1 он

А1 он

Макфакс

Пулс 24

Плусинфо

 24 Инфо

Локално

Македонија

МКД

Макфакс

Весник

Вечер

Макпрес

Либертас

ТВ 21

Фактор

Слободен печат

 Опсервер

 Актуелно 24 

Точка 

Инфомакс 

Фокус 

И-портал 

Инфомакс 

Макпрес

Тајм 

Вести 

Дејли 

Грид