„Македонија Блокира„ и Координативното тело на дијаспората во Европа поднесоа писма до пратеничките групи на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ да не гласаат за уставните промени


12.11.2018 | 22:25:24 | Прес Конференции


„Македонија Блокира„ и Координативното тело на дијаспората во Европа поднесоа писма до пратеничките групи на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ да не гласаат за уставните промени

Кризниот штаб против промена на Уставот, распуштање на Собранието и распишување на избори „Македонија-Блокира„ и Координативното тело на дијаспората во Европа денеска, понеделник, 12 ноември 2018, поднесоа писма до пратеничките групи на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ зошто не треба да ги гласат уставните измени.

Во изјава за медиумите Јанко Бачев од Единствена Македонија истакна: -„ Денеска во име на Кризниот штаб „Македонија-Блокира„ во кој членуваат 84 организации и Координативното тело на дијаспората во Европа поднесуваме до пратеничките групи на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ писма во кои ги даваме причините зошто не треба да учествуваат во  злосторството спрема македонскиот народ и македонската држава. Ние сме убедени дека пратенциите ќе го слушнат гласот на македонскиот народ и ја гледаат еуфоријата што владее во земјата против промена на уставот, оти ако помине ова, Македонците се бришат од светската мапа на нации. Има време пратениците да се вразумат, веруваме дека имале само лош ден кога гласале за Одлуката за пристапување кон измена на Уставот, а сега до нас допираат информации и дека биле под силни закани и уцени. Ги повикуваме да издржаат, патем, и нас не ни е лесно, не следат, прислушкуваат, не повикуваат во полиција, но, набргу ќе се менуваат работите, на пролет имаме претседателски избори, исто така, на пролет ќе има избори и за Европскиот парламент и  овие белосветски битанги од типот на Хан, Могерини ќе си заминат оти и во ЕУ владее општа еуфорија во која доаѓаат десните партии. Затоа, пратениците на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ да бидат на страната на македонскиот народ“ - рече Бачев.

Фили Петровски од ВМРО-ДПМНЕ - Демократската фракција истакна: -„Се соочуваме со силни полициски притисоци, а после одењето кај тројцата пратеници, се соочуваме и со полициски закани дека ќе не прогнуваат само затоа што слободно говориме. Ја потсетуваме полицијата дека вербалниот деликт не постои, и прават злоупотреба на службената положба со тоа што пуштаат информации и дезинформации преку медиумите кои им се блиски. Ние ги повикуваме пратениците да размислат што прават и во тој контекст денеска ги поднесовме писмата до двете најголеми пратенички групи. Се надеваме ќе наидеме на чесни луѓе и патриоти иако не е така голем бројот. Политичките сили и од десно и од лево се корумпирани и токму едно од нашите барања е за распуштање на Собранието. Анкетие околу 90 отсто кажуваат дека народот не сака промена на Уставот и затоа ги повикуваме пратениците да се освестат и да не го менуваат Уставот“ – рече Петровски.

Кире Јовчески од Австралиско-македонскиот совет во Австралија истакна: -„Како претставник на 36 организации од Австралија во „Македонија-Блокира„ сакам да го изнесам ставот на нашинците од Австралија. Ние сме против промена на Уставот и ги повикуваме пратениците да размислат што ќе се случи доколку го сменат Уставот. Не ја признаваме оваа нелегитимна власт која што е донесена и насадена од странски фактори и мешетари кои се мешаат во нашите внатрешни работи иако според меѓународните конвенции не сметаат да го прават тоа. Ние ги подржуваме македонските организации кои се борат да прекинат овие собраниски дебати, да се закажат нови избори и да дојдат нови политички сили кои и мислат добро на Македонија“ – рече Јовчески.

Медиуми:

А1 онМакфакс; Пулс 24ТВ 24ВестиТочка24ИнфоТајмВестиДејлиГрид

Целосен текст на писмата на „Македонија-Блокира и на Координативното тело на дијаспората во Европа