84 организации од земјата и дијаспората потпишаа Повелба за соработка против уставни измени, распуштање на Собранието и распишување избори


04.11.2018 | 19:42:51 | Прес Конференции


84 организации од земјата и дијаспората потпишаа Повелба за соработка против уставни измени, распуштање на Собранието и распишување избори

Денес, недела, 4-ти ноември 2018, осумдесет и четири организации - политички партии, невладини организации, граѓански иницијативи од земјата и дијаспората потпишаа Повелба за стратешка соработка со која се предвидува формирање на Кризен штаб против промена на Уставот на Република Македонија, распуштање на Собранието и распишување на предвремени парламентарни избори.

Кризниот штаб ќе организира сенародни протести пред Собранието на Република Македонија, пред домовите на одметнатите и уценети пратениции, блокада на патишта и гранични премини и други форми на отпор под чиј притисок Владата и Зоран Заев ќе бидат принудени да си заминат.

Антимакедонските политики го допреа врвот, или ќе дозволиме марионетската власт во Скопје да избрише се што е македонско или ќе победиме за да останеме свои на своето, трето нема. До таму е дојдено. или тие или ние. Целта на сенародниот отпор е со еден услов, а тоа е избори без Зоран Заев како премиер - беше истакнато меѓудругото на потпишувањето на Повелбата за стратешка соработка.

Кризен штаб против промена на Уставот, распуштање на Собранието и распишување на избори ќе настапува под слоганот „Македонија-Блокира„.

Центар за комуникации на Единствена Македонија
Скопје, недела, 4 ноември 2018

Медиуми:

А1 он

Макфакс;

Пулс 24;

Дојче веле; 

МКД

Весник

Вечер

Актуелно 24

Центар;

Макпрес;

Прес 24

Фактор;

Журнал;

МТМ Скопска

ТВ Телма;

ТВ 21

ТВ Аласат-М

ТВ Канал5;

Тајм;

Вести;

Вести 2;

Дејли;

Грид

Целосен текст на Повелбата за стратешка соработка со списокот на потписници: