МВР ме обвинува за убиство на осумтемина одметнати пратеници, а ним не им фали ништо


31.10.2018 | 22:49:07 | Прес Конференции


МВР ме обвинува за убиство на осумтемина одметнати пратеници, а ним не им фали ништо

Прес конференција, Единствена Македонија
д-р Јанко Бачев, претседател на Единствена Македонија
Скопје, среда, 31 октомври 2018

Почитувани,

Марионетската власт во Скопје ја отвора и последната карта во борбата со неистомислениците. Во Македонија повторно се воведува т.н. вербален деликт од членот 133 од Кривичниот законик во поранешна Југославија, кој одмана е укинат и со кој се санкционираше слободата на говорот. Сега, во Македонија, вербалниот деликт се применува под називот говор на омраза.МВР вчера спроведе полициско гонење врз мене врз основа на ова соопштение на Единствена Македонија од 2 октомври во кое алармираме за поткуп на пратеници во висина од 2 милиони евра по пратеник и дека пратеник од ВМРО-ДПМНЕ кој ќе гласа за промените на уставот нема да стигне до државната граница при обидот за бегство од државата.

Ова за МВР значело, внимавајте добро, дека Единствена Македонија ќе ги убива одметнатите пратеници од ВМРО-ДПМНЕ со што била загрозена нивната сигурност.

Помина 1 месец од соопштението, а на одметнатите 8 пратеници не им фали ништо, дури, Елизабета Канчевска Милевска доби унапредување во координатор на пратеничка група и секоја вечер како манекенките на модни писти се шета од телевизија во телевизија да не убедува дека бришењето на се што е македонско било за наше добро.

Значи, тоа што се зборува во соопштенија и на прес конференции, ќе се казнува.

Од друга страна, на Зоран Заев устата му е полна со демократија, со владеење на правото и правната држава. Кажаното од Заев нема смисла оти во реалноста не се почитува судската пракса на Европскиот суд за човекови права во Стразбург како најворитетна правна институција токму во таа Европа за која зборува Заев.

Според судот во Стразбур, политичката дебата подразбира и силни зборови, дури и она што разните шарени и соросови инсталации во земјата го сметаат за апокалипса - дека токму владата треба да биде толерантна кон ваквите наводни деструктивни изблици.

Заштитата дадена според членот 10 став 1 од Европската конвенција за човековите права ги опфаќа и ставовите на групи или ставот на едно лице дури и кога тоа претставува шок за мнозинството.

Да илустрирам, со најмалку три пресуди на судот во Стразбур:

Во случајот Oberschlick против Австрија се вели дека политичарите кои со своите ставови провоцираат, мора да прифатат и провокативни изјави за себе. А не треба посебно да се зборува за провокацијата што ја направија 8-те одметнати и уценети пратеници.

Во случајот Roseiro Bento и Lopes Gomes da Silva против Португалија се вели дека острите политички дебати лесно прераснуваат во лични, а тоа е ризикот кој се прифаќа во учеството во политичкиот живот.

Во случајот Castells против Шпанија се вели дека доминантната позиција што ја има владата неопходно условува таа да се воздржува од кривични постапки особено каде што и се достапни други средства за одговор на напади и критики од нејзините противници во медиумите.

Доаѓаме до кључното прашање, што подразбира Зоран Заев под политичка борба. Дали тоа е копнежот на Заев да има конструктивна опозиција од типот на овие 8-пратеници кои сега ќе глумат опозиција. Или да му се умилкуваме на Заев како овие 8 пратеници кои не издржаа и се вклучија во постапката да се избрише се што е македонско. Или, да се помириме дека фундаментално правило во Македонија станува прогонот на неистомислениците.

НЕ, почитувани присутни. Овој атак врз слободата на говорот е за да сеат страв и да перат мозок со измислицата наречена говор на омраза. Можат да не следат, да не прислушкуваат, да не прогонуваат со измислени обвиненија, но, ние нема да дозволиме да ни го скршат духот, оти ако ни го убијат духот ќе ни го убијат името, идентитетот, историјата и традицијата на македонскиот народ.

Во земјата цвета организираниот криминал, перење пари, гледаме насади со дрога до куќите на луѓето, а наспроти ова, Единствена Македонија стана главен проблем во оваа земја, ни забрануваат настапи на телевизии, не следат, прислушкуваат, ни вршат полициски прогон.

Како и да е, процесот, кој, храбро, решително и во интерес на народот го почнаа Единствена Македонија, македонскиот народ и поголем дел од граѓаните, ништо не може да го сопре.

Битката на 30 септември со бојкот на референдумот е добиена. Влегуваме во финална битка со злото во Македонија кое има свое име. Злото се вика вика марионетска власт во Скопје купена и контролирана од странски центар, која мора да ја поразиме.

За трите вистини се свесни веќе и во марионетската влада во Скопје, дека ја губат власта дека не живееме во еднопартски систем и дека вербалниот деликт е одамна укинат.

Ќе следат сенародни македонски протести до паѓањето на оваа ненародна влада со еден услов, а тоа е избори без Заев како премиер.

Ви благодарам,

Центар за комуникации на Единствена Македонија
Скопје, среда, 31 октомври 2018

Медиуми:

А1 он

Макфакс

Фокус

Република

Нетпрес

Точка

Весник

Вечер

Актуелно 24

365

Цивил медиа

Тајм

Вести

Дејли

Грид