(ВИДЕО) Имаме докази дека тајната служба на Заев го следи и прислушкува раководството на Единствена Македонија


03.10.2018 | 13:59:06 | Прес Конференции


(ВИДЕО) Имаме докази дека тајната служба на Заев го следи и прислушкува раководството на Единствена Македонија

Прес конференција, Единствена Македонија проф. д-р Јанко Бачев, претседател на Единствена Македонија Скопје, среда, 3 октомври 2018

Почитувани,

Зоран Заев како опозиционер најави дека штом победи СДСМ повеќе не смее да се повтори зоупотребата на тајните служби.

Вчера и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски најави дека тајната полиција се реформира според највисоките демократски стандарди.

Меѓутоа, кажаното од Заев и Спасовски е една голема лага. Во заднина, тајната полиција функционално е поставена да ги следи политичките противници.

https://www.youtube.com/watch?time_continue=1&v=F4U_hsrV0KM

Тајната полиција во моментот врши следење и прислушување на раководството на Единствена Македонија, внимавајте добро, само затоа што нашата партија се залага за стратешки сојуз со Русија и членство на Македонија во Евроазиската економска унија.

Ова е аналитички документ/осврт на Службата за аналитика во државната безбедност доставен до директорот на државната безбедност за мерките и активностите на тајната служба спрема лица од Единствена Македонија.

Да ја појаснам технологијата на работа на тајната служба. Врз основа на овој документ во тајната служба се заведени оперативни обработки за конкретни лица од раководставото на Единствена Македонија.

Оперативната обработка е една од формита на работа на државната безбедност и претставува примена на оперативно технички средства за спречување на противуставни дејствија поради сомнение дека лица се занимаваат со дејност насочена кон безбедноста и поредокот.

Од повеќето оперативно-технички средства што ги користи тајната служба, според овој документ, спрема нас се применуваат три средства: тајна контрола на телефон, тајно следење и тајно фотографирање и видео снимање и документирање.

Исто така, според овој документ, тајната служба врши целосна контрола врз дипломатскиот персонал на руската амбасада во Скопје што самото по себе е дипломатски скандал бидејќи Виенската конвенција за дипломатски односи забранува вакви активности на домашните служби.

Значи, внимавајте добро, ние во Единствена Македонија сме под целосна контрола на тајната служба само затоа што имаме поинакви определби од марионетската власт во Скопје, поточно, тие се за НАТО и ЕУ ние сме за сојуз со Русија и членство во Евроазиската економска унија.

Оваа активност на тајната служба е во целосна спротивност со Уставот на државата од најмалку две причини:

Прво, во уставот, меѓудругото, е запишано дека темелна вредност на уставниот поредок претставува и политичкиот плурализам. Значи, партиите можат да застапуваат различни политички гледишта, на пример, едни се за НАТО и ЕУ други за Русија и Евроазиската економска унија, трети можат да бидат за Движењето на неврзаните, едни да бидат за промена на име, други за неменување на име, едни за традиционални и семејни вредности, други за либерални вредности и.т.н., што значи плурализам на определби.

Второ, во Уставот е запишано дека државата може да членува во меѓународни организации. И толку. Никаде во Уставот не е запишано дека тие меѓународни организации мора да бидат НАТО и ЕУ. Значи, Републиката може да членува во било која од бројните меѓународни организации кои постојат во моментот во светот.

Значи, власта на Зоран Заев во моментот врши флагратно кршење на уставот со следењето и прислушкувањето на лица од Единствена Македонија. Меѓутоа, што би рекол нашиот народ во секое зло, добро. Ова се веќе знаци на една уплашена власт оти и на нив им е јасно дека доаѓа новата легална власт на Единствена Македонија.

На крај, сакам да упатам една лична порака до Заев: Можете да не следите, прислушкувате, да ни се заканувате со апсења, но, нема да дозволиме да ни го скршите духот, оти ако ни го убиете духот тогаш ќе ни го убиете и нашето свето македонско име. Ние оваа битка за одбрана на името, идентитетот, историјата и традицијата на македонскиот народ ќе ја добиеме, оти ова не е битка за Јанко Бачев, не е битка за власт, ова е битка за опстанок на цел еден народ, ова е битка за Македонија.

Новата легална власт на Единствена Македонија се навестува. Таа доаѓа! Единствена Македонија ќе ја оствари јасно изразената намера на македонскиот народ и поголем дел од граѓаните на Република Македонија за воспоставувањето на историски стратешкиот сојуз со Русија.

Ви благодарам,

Медиуми:

А1 он

Макфакс

Точка

Фокус

ТВ 21

Актуелно 24

Центар

Тајм

Вести

Дејли

Грид