Скандал, полицијата божем го гони Вранишковски а претходно му издава пасош и пиштол (ВИДЕО)


15.07.2018 | 15:27:02 | Прес Конференции


Скандал, полицијата божем го гони Вранишковски а претходно му издава пасош и пиштол (ВИДЕО)

Прес конференција, Единствена Македонија Злате Војноски, член на Извршниот комитет на Единствена Македонија Скопје, 15 јули 2018

Почитувани,

Со денешната прес конференција сакаме да упатиме загрижувачка порака дека наметнатата игра во која расколникот Вранишковски наводно бега, а властите божем го гонат, претставува опасна авантура.

Ова му овозоможува на Вранишковски и понатаму слободно да го спроведува своето субверзивно дејствување врз Македонската православна црква која е еден од темелите на државноста и вековен чувар на идентитетот на македонскот народ и македонската држава и главен столб на македонското опстојување.

Дотолку повеќе, во случајов не се работи за било кој, туку за еден расколник, отпадник и шпион на соседна разузнавачка служба кој работи на разнебитување на  македонската нација и црква.

Меѓутоа, вината за ова треба да ја бараме на домашен терен, кај нас во Македонија.

Денес ќе презентираме само два факти кои јасно покажуваат дека токму во Македонија некој сака со Вранишковски да продуцира дворски игри.

Имено, пред два дена слушнавме дека битолската полиција му ја одзела патната исправа на Вранишковски при обид за излез од државата на граничниот премин „Меџитлија„ поради постоење на осудителни пресуди.

Меѓутоа, внимавајте добро, претходно, токму битолската полиција му издава на Вранишковски патна исправа под број 1904171

Што е поинтересно, покрај издадената патна исправа, битолската полиција дури и го наоружува Вранишковски со тоа шо му издава и одобрение за пиштол марка берета 9 мм.

Според Законот, кога постојат кривични постапки и пресуди патна исправа не се издава, туку напротив, се одзема, а за одборување на пиштол и не се помислува а камоли да се издава оти при криивчно-правен прогон во никој случај не може да се поседува оружје.

Го повикуваме министерот во МВР, Спасовски, да и објасни на јавноста како битолската полиција му издава на Вранишковски патна исправа и пиштол во време кога против него постојат кривични постапки и осудителни пресуди, иако во таков случај согласно законските прописи патна исправа и пиштол не се издаваат, туку се одземаат.

Односно, министерот Спасовски да постапи согласно своите надлежности и да ги расветли овие штетни игри не само за МПЦ и за народот, туку и за државата.

Народот очекува разрешување на дилемата дали овие задкулисни сценарија се резултат на некои отуѓени центри вон контрола на државните органи, или, пак, станува збор за свесна активност.

Одговор мора да има. Поседувањето на пасош и пиштол ја разоткриваат играта во која Вранишковски божем бега, а властите божем го гонат.

Ви благодарам,  

Медиуми: А1 он Макфакс Вечер Точка Вести Дејли Тајм Грид