Го доставивме законот за амнестија до пратениците на ВМРО-ДПМНЕ - на потег е Мицкоски (ВИДЕО)


09.07.2018 | 14:37:18 | Прес Конференции


Го доставивме законот за амнестија до пратениците на ВМРО-ДПМНЕ - на потег е Мицкоски (ВИДЕО)

Изјава, Единствена Македонија Драган Угриновски, член на Извршниот комитет на Единствена Македонија и претседател на МПЗ Тврдокорни Скопје, понеделник, 9 јули 2018

Почитувани,

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски најави дека ќе изготват закон за амнестија за настаните од 27 април минатата година.

Го потсетуваме Мицковски дека нема потреба од такво нешто, бидејќи веќе постои готов закон за амнестија изготвен од Единствена Македонија.

Овој закон на три пати го поднесуваме во Собранието, а Талат Џафери на три пати ни го враќа поради лична суета и нервоза бидејќи има фуснота во која пишува дека Единствена Македонија не го признава Талат Џафери за претседател на Собранието се до одлуката на Уставниот суд за неговиот нелегален избор.

Талат Џафери го крши Уставот и Деловникот на Собранието, бидејќи ја кочи нашата иницијатива за амнестија поради лична суета и нервоза и не го доставува до пратениците иако согласно Деловникот Талат Џафери е должен во рок од три дена да го достави Предлог-законот до сите пратеници и за тоа да не извести како подносители на законот со што започнува законодавната постапка.

Затоа, денеска во Собранието го доставуваме Предлог-закон за амнестија и до пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи пратениците согласно Уставот и Деловникот на Собранието се овластени предлагачи на закон.

Очекуваме пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да ја започнат законодавната постапка во Собранието бидејќи Деловникот тоа го дозволува на секој пратеник, се разбира, доколку Мицковски е искрен кога вели дека се залага за амнестија на нашите браќа Македонци и сестри Македонки кои гнијат во занданите на Шутка.

Очекуваме законот да биде изгласан од сите пратеници, очекуваме од пратениците и нивните лидери да покажат државнички капацитет и силно лидерство со кое ќе го израдуваат народот и ќе дојде до надминување на поделеноста меѓу граѓаните и партиите.

Доколку повеќе, граѓаните на 27 април во собранието влегоа со силна верба дека го бранат уставниот поредок, а не да нападнат конкретни лица, и било кој да беше на местото на нападнатите ќе се случеше истото, бидејќи, претходно се создаде атмосфера дека е загрозен уставниот поредок.

Ова добива на тежина ако се знае дека на своевиден начин е потврдено при давањето на мандатот на Заев, бидејќи претседателот Иванов бараше гаранции токму за она за што сега се водат постапки со што и претседателот ја потврди општествената опасност.

Со законот се бара целосно ослободување од кривичен погон и запирање на постапките поради несправедливоста и апсурдноста да се гонат уставобранителите кои влегоа во Собранието на 27 април со силна верба во одбраната на уставниот поредок.

Со еден збор, очекуваме пратениците да бидат на висината на задачата, посебно апел до пратениците од албанското малцинство, бидејки во 2001 имавме амнестија за многу потешки работи, за лица за напад на уставниот поредок, а сега имаме спротивна ситуација, бараме амнестија на уставобранители кои влегоа со силна верба дека го бранат уставниот поредок.

Инаку, законот согласно Деловникот на Собранието е предложен да биде усвоен во скратена постапка.

Ви благодарам,

Центар за комуникации на Единствена Македонија Скопје, понеделник, 9 јули 2018

Медиуми:

ТВ 21

ТВ 24 Вести

1 ТВ

ТВ Телма

ТВ Сител

ТВ Канал 5

ТВ Аласт - М ТВ 24 Вести

А1 он

Макфакс

Фокус Точка Прес 24 МИА Сакам да кажам Скај

Нова

Либертас

Независен весник

Стандард

Нова Македонија

Вечер Судство 10 без 10 Опсеревер

Радио Слободна Европа

Е магазин

Курир

Коктел

Кајгана Правдико Вечер МКД Република Журнал Дејли Тајм Вести Грид