Полицијата брутално го тепаше народот, наредбата ја издал министерот Спасовски


18.06.2018 | 17:40:47 | Прес Конференции


Полицијата брутално го тепаше народот, наредбата ја издал министерот Спасовски

Прес конференција, Единствена Македонија д-р Јанко Бачев, претседател на Единствена Македонија Скопје, 18 јуни 2018

Почитувани,

Марионетската власт во Скопје вчера употреби брутална сила. Беа тепани жени, деца, претседатели на партии, беше тепан македонскиот народ.

Изненадувањето е големо бидејќи според нашите сознанија министерот Спасовски ја издал наредбата полицијата да реагира токму во моментот кога протестот беше мирен. Од сите камери присутни на настанот вклучително и полицисите камери, јавноста можеше да види дека полицијата реагираше токму во моментот кога демострантите беа смирени и мирно реагираа и единствено што правеа го извикуваа „Македонија„. Значи постоело сценарио за судир меѓу македонската полиција и македонскиот народ.

Исто така, после настанот апсени се голем број деца, а единстевната нивна вина е што ја искажаа својата патриотска определба спрема Татковината, односно, беше искажан народниот револт против промена на името што го прави марионетската власт во Скопје купена и контролирана од странски центар.

Македонија живее во мрачното доба на новиот светски поредок, ги живее најтешките денови од својата историја, погазена, фрлена на колена, згазена со шарени револуции, со специјални операции на западните служби.

Единствена Македонија ја повикува меѓународната заедница, и тоа, Русија, Кина, Турција кои не се дел од тој темен светски поредок, за отварање на македонското прашање, за кршење на основното човеково право на Македонецот за самоопределување и самоименување, за меѓународна комисија за истражување на сите настани од последните 3 години каде систематски се уриваше уставниот поредок на една суверена земја.

Јас како директен учесник на вчерашните настани можам со целосна одговорност да потврдам дека полицијата употреби прекумерна сила надворо од сите правни акти за работа на полицијата. Синоќа, полицијата речиси целосно беше составена од Албанци и дали министерот Спасовски сметал дека така ќе бидат по мотивирани да го тепаат македонскиот народ. Дури во еден момент полицискиот хермелин тргна да го гази народот заради што се обидов да го спречам тоа страшно злосторство, при што се здобив и со повреди на нозете кога хермелинот тргна кон мене заради што бев хоспитализиран на една од скопските клиники. Полицискиот службеник што го управуваше хермелинот ми кажа дека тука ќе застанат, по што јас слегнав од хермелино,т но, во иситот момент полицијата почна да фрла шок бомби и солзавец во моите нозе со што почна големата операција на тепање на македонскиот народ.

Единствена Македонија повикува на семакедонско обединување, и од денеска покренуваме таква иницијатива за обединување на партии, здруженија, поединци, со еден збор, на сите патриотски сили во земјата.

Новата легална власт на Единствена Македонија која доаѓа ќе расчисти со сите национални предавницџи, согласно законите што ќе произлезат од новиот македонски устав.

За вчерашното безмилосно тепање на народот, бараме оставка од министерсот Спасовски.

Нашата партија денеска е Македонија, за неа ако треба и ќе погинеме, нема повеќе отстапки пред ниту една сила, единствени заедно.

На крај, ја користиме приликата да го реафирмирам нашиот став дека ниту името ќе се смени ниту Македонија ќе влезе во НАТО.

Медиуми: А1 он Макфакс Вечер МТВ (после 6м.10с.) 1ТВ Тв 21 Дејли Грид