Името нема да се смени, а таканаречениот договор на Заев и Ципрас е само приватна забава


13.06.2018 | 10:41:51 | Прес Конференции


Името нема да се смени, а таканаречениот договор на Заев и Ципрас е само приватна забава

Прес конференција, Единствена Македонија д-р Јанко Бачев, претседател на Единствена Македонија Скопје, 13 јуни 2018

Почитувани,

Марионетската влада во Скопје вчера силно го вознемири македоснкиот народ со големата лага дека има меѓународен договор за промена на името меѓу Македонија и Грција.

Веднаш да кажам дека таков договор нема, ниту пак ќе има.

За валидноста на еден меѓународен договор, за кој се подразбира слободна согласност без уцени и закани, потребно е да бидат исполнети и два општи услови:

Прво, да биде склучен од страна на надлежни органи. Зоран Заев не може да се смета за овластено лице за склучување на меѓународен договор бидејќи е избран од Собрание со кое претседава нелегален претседател и според домашното право вакви договори не може да склучува владата, туку надлежноста ја има претседателот на Република Македонија.

Второ, да постои дозволен предмет на договарање. Договарања за име преставува недозволен предмет бидејќи според меѓународното, името на една држава е прашање на внатрешната надлежност, а не на меѓународното право.

Според тоа, меѓународен договор за име е ништовен со што се отвора патот на било која власт во државата таквиот договор да биде лишен од правно дејство.

Ова се битни работи кои мора да ги знае јавноста оти сведоци сме како владините експерти и медиуми речиси ја убедија јавноста дека меѓународните договори биле непроменливи и дека биле посилни дури и од домашниот устав. Меѓународните договори како и сите договори може да се склучуваат, раскинуваат и поништуваат. Сите овие прашања детално се уредени со Виенската конвенција за договорно право.

Значи, во една претпоставена сиутација и да дојде до склучување и ратификација на меѓународен договор за промена на името, новата легална власта на Единствена Македонија веднаш ќе го поништи таквиот нелегаен договор.

Меѓутоа, она што е најбитно, ја користам приликата да го рефаирмира нашиот став. Ниту ќе дојде до промена на името, ниту Македонија ќе стане членка на НАТО. Единствена Македонија е дел од еден поширок процес за пораз на погубната политика на марионетската власт во Скопје, а јасно изразената намера на македонскиот народ за историски стратешкиот сојуз со Русија и членство на Македонија во Евроазиската економска унија, ќе биде остварена.

Меѓутоа, ќе остане големиот срам за државата од марионетската власт купена и корумпирана од странски центар. Патем, Зоран Заев веќе целосно го изгубил компасот во својот поход за рушење на Македонија и Македонците.

На пример, Заев вчера рече дека договорот веднаш ќе биде ратификуван од Македонија, ќе следи референдум, промена на уставот, писмо до 193-те држави членки на Обединетите нации за промена на името, а дури, на крајот Грција ќе го ратификувала договорот.

Да замислиме една претпоставена ситуација во која странските газди на Заев ќе му помогнат да го фалсификува референдумот за промена на името, го промени уставот, ги извести државите членки на ОН дека сме го промениле името, а на крајот грчкиот парламент не го ратификува договорот дотолку повеќе веќе слушнавме дека тамошната опозиција е против овој договор. Тоа ќе биде невидена бламажа и срам за Македонија, се сме промениле а нема договор и се се враќа на почеток. Значи ќе го уништиме и овој драгоцен капитал што го имаме со признавањето на уставното име од преку 140 држави кои ќе треба после поново да ги молиме дека сме Република Македонија.

Севкупно, јавноста треба да знае дека нема никаков договор, туку има само приватна забава меѓу Заев и Ципрас. Единствена Макеоднија останува на својот веќе промовиран став дека ниту Македонија ќе го промени името, ниту ќе стане членка на НАТО. Единствена Македонија е дел од тој процес кој на крајот ќе заврши успешно за Македонија.

На Заев му порачуваме дека само си ја усложнува ситуацијата оти со вчерашниот телефонски разговор со Ципрас за нелегална промена на името, само ги зајакнува елементите за негова потешка кривична одговорност, за дела против државата и народот.

Како и да е, Единствена Македонија ќе расчисти со сите национални предавници согласно законите што ќе произлезат од новиот македонски устав.

Медиуми: А1 он Макфакс Фокус Весник Вечер Мактел Народен глас Точка ТВ 21 ТВ Аласт-м Тајм Вести Дејли Грид