НДМ поднесе иницијатива за референдум за членството на Македонија во ЕУ


04.07.2016 | 11:08:19 | Прес Конференции


НДМ поднесе иницијатива за референдум за членството на Македонија во ЕУ

Изјава, НДМ д-р Јанко Бачев, претседател на НДМ Скопје, 04.07.2016 (понеделник)

Почитувани,

Како што е познато, пред шест дена на прес конференцијата на Народно движење за Македонија најавивме дека по седницата на Централниот комитет на партијата во саботата на 2 јули, во понеделник на 4 јули, НДМ ќе поднесе Иницијатива до Собранието да распише референдум по сопствена иницијатива за членството на Република Македонија во Европската Унија.

https://www.youtube.com/watch?time_continue=1&v=kccQHRIISec

Денес, како што можете да видите, НДМ ја поднесе Иницијативата до Собранието.

Со Иницијативата се предлага Собранието по сопствена иницијатива да распише референдум за консултирање на граѓаните за членството на Македонија во ЕУ.

Генерално, Иницијативата на НДМ за распишување на референдум опфаќа две фази.

Првата фаза е денешната Иницијатива на НДМ до Собранието самото тоа да распише референдумот по сопствена иницијатива според член 20 од Законот за референдум и други облици на непосредно изјаснување на граѓаните.

Имено, Законот за референдум и други облици на непосредно изјаснување на граѓаните дава можност Собранието по сопствена иницијатива да распише референдум за консултирање на народот за прашања од пошироко значење за Републиката.

Не е спорно дека прашањето за членство во ЕУ е прашање од пошироко значење за Република Македонија.

Земајќи предвид дека од денот на објавувањето на одлуката за распишување на референдум до денот на одржувањето не можат да поминат помалку од 60 ниту повеќе од 90 дена, останува да видиме дали Собранието ќе дејстува во овие законски рокови.

Меѓутоа, доколку Собранието не распише референдум по сопствена иницијатива, по 90 дена ќе следи втора фаза за собирање на 150.000 потписи.

Поточно, НДМ ќе ја искористи втората можност од член 20 од Законот преку граѓанска иницијатива на државно ниво за распишување на референдум која се смета за покрената ако најмалку 150.000 граѓани со свои потписи ја поддржале иницијативата.

Во таков случај, Собранието е должно да распише референдум.

Со еден збор, Македонија мора да добие шанса да се изјасни за членство во ЕУ.

Ви благодарам,

Медиуми: 

ТВ Нова

ТВ Сител

ТВ Канал 5

ТВ 21

МРТ 

МРТ(после 24м.:10с.)

МКД

Мактел

Мета

еМагазин

Макфакс

Локално

Точка

Фокус

Стандард

Фактор

Актуелно 24

Пинг

Тајм

Грид

Вести

Дејли

Б2

Вебстрана