Илинденски марш Црешева чета: Коњаниците ги започнаа подготовките


24.07.2016 | 10:48:01 | Прес Конференции


Илинденски марш Црешева чета: Коњаниците ги започнаа подготовките

Прес конференција. НДМ и Здружение „Црешева чета„ Марија Мајкиќ член на Извршниот комитет на НДМ, Дарко Димишковски потпретседател на Здружение „Црешева чета„ Скопје, 24.07.2016 (недела)

Дарко Димишковски, заменик претседател на Здружението „Црешева чета„ рече:

Почитувани,

Како што е познато, ланската година, по првпат, Народно движење за Македонија и Здружението „Црешева чета„ организиравме Илинденски коњички марш за традицоналната манифестација „Крушевска Република„.

Притоа, лани најавивме дека ова манифестација ќе стане традиција и еве се исполнува ветувањето, бидејќи годинава продолжуваме по вторпат со организацијата на Илинденскиот коњички марш по повод „113 години Крушевска Република„.

Голема е мојата радост и возбуда што годинава, се случува да појде и мојот син како најмлад коњаник по патот на комитите и војводите - мисија, за која верувам дека цел живот сите Македонци зборуваат и раскажуваат.

Коњаницата ќе почне на 28 јули со сенародна прослава на поканети гости и граѓани во црквата „Св. Спас „ во село Црешево, по што, по традиционалната маршута која води од Скопје преку Брезница, по 4 дена и поминати околу 150 километри на коњ, предвидено е да стигне во славното Крушево, на Мечкин Камен каде коњаницата ќе учествува на импровизираниот напад на Крушево, а утредента на 2 август коњаницата ќе дојде на Централната прослава.

На овој марш ќе тргне коњаница од девет македонски патриоти, а се надеваме дека во иднина оваа манифестација ќе стане уште помасовна.

Главен и одговорен за реализацијата коњичкиот марш како и за безбедноста и сигурноста на маршот ќе биде претседателот на здружението „Црешева чета„, г-динот Гоце Делчев Тодев.

Ви благодарам,

Марија Мајкиќ член на Извршниот комитет на НДМ рече:

Почитувани,

Народно движење за Македонија, за одбелжувањето на големиот национален празник „Илинден„ годинава по втор пат се вклучува во организацијата на Илинденскиот коњички марш.

Ние сме убедени дека и на ваков начин се помага во заштитата и промовирањето на националните интереси, а впрочем што може да се очекува од една партија како НДМ која секогаш е на првата линија во одбрана на националните интереси, освен нашата силна обрска на големиот национален празник „Илинден„ да оддаваме признание на илинденските херои.

Тоа е всушност нашиот долг што Македонците им го заветуваат уште од мали на своите потомци: кога ќе пораснат да одат во Крушево, да се поклонат на славните илинденци, на храбрите Македонци, кои цел свет ги знае по нивните натчовечки херојства за слободата на својата држава - Македонија.

Ние сме убедени дека благодарение токму и на оваа нова манифестација на специфичен и оригинален начин, преку коњаничкиот марш од с. Црешево до славното Крушево, се одржува жив споменот на славните Илинденци, храбрите Македонци, и на нивната борба за слободна и независна Македонија.

Исто така, веруваме дека секоја година ќе има сè повеќе и повеќе вакви манифестации и во други македонски села и градови, бидејќи македонските граѓани, во Црешево, во Крушево, и во секое друго македонско село или град, никогаш нема да ја заборават жртвата на илинденците и нема да дозволат никој да ја доведе во прашање македонската државност.

Учеството во „Илинденскиот коњанички марш“ како култен настан кој го подготвуваме и реализираме со душа и срце е предизвик, но и привилегија и чест, дотолку повеќе, учесниците ќе имаат несекојдневна прилика, доживувањето да ги потсети на она како македонските војводи оделе со своите чети по планините.

Да ни е вечен споменот на Илинден, да ни е вечна Република Македонија!

Ви благодарам,